PHARMACY Артро, 30 таблети
Опис на производот
Артро претставува додаток во исхраната кој може да го користат возрасни, со цел одржување на флексибилноста на зглобовите на целото тело. Особено е индициран кај лица кои вршат тешка физичка работа, физички активни лица и спортисти каде најчесто се јавува ризик од преоптоварување на зглобовите, како и кај лица со прекумерна тежина, лица на средна возраст и постари лица. Артро се препорачува и кај жени во периодот на менопауза.
Артро претставува извор на хијалуронска киселина, колаген, хондроитин, глукозамин сулфат, витамин Ц и активна компонента од екстракт на Boswellia serrata. Витаминот Ц придонесува за правилно создавање на колаген, кој обезбедува правилна функција на 'рскавицата и ги штити клетките од оксидативен стрес, дополнително придонесувајќи за намалување на чувството на замор и слабост.
Природното создавање на колаген претставува најважна компонента за зглобната 'рскавица, игра важна улога во одржување на мобилноста и флексибилноста и е неопходен за правилно функционирање на зглобовите при зголемен физички напор и кај лица со прекумерна тежина.
Пакување: 30 таблети
Содржина
Состав:
Три таблети содржат:
Глукозамин сулфат | 375 мг |
Витамин Ц | 240 мг |
Хондроитин сулфат | 225 мг |
Екстракт од Boswellia serrata | 150 мг |
Хијалуронска киселина | 15 мг |
Хидролизиран колаген | 12 мг |
Употреба: три таблети дневно.