PHARMANOVA Аварикон хемор крема против хемороиди, 20 мл

Опис на производот
Аварикон Хемор кремата содржи единствена комбинација од одбрани активни состојки во специјално формулирана подлога. Ја негува и одржува кожата и лигавицата на аналната регија во здрава состојба.
Екстрактот од хамамелис и екстрактот од невен традиционално се употребуваат заради своето антивоспалително и регенеративно дејство на кожата и лигавицата. Пантенолот ја негува и ја штити кожата од исушување. Алантоинот делува заштитно и смирувачки, ја омекнува кожата и ублажува иритација. Етеричното масло од нане поседува антисептичко дејство, ублажува тегоби и дава ефект на пријатно благо ладење, при што се намалуваат јадежот и пецкањето на местото на употреба.
Пакување: 20 мл
Содржина
Употреба: се истиснува околу 2 цм од кремот и се нанесува директно на зафатените места, по можност после празнење на дебелото црево. Се препорачува употреба 2 до 3 пати дневно.