PHARMANOVA Естрофакт силвер протект вагинален гел, 25 мл

Pharmanova Oestrofact Silver Protect vaginal gel 25 ml vaginalen gel
PHARMANOVA Естрофакт силвер протект вагинален гел, 25 мл
596,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
054862C
favorite_border

Опис на производот

Медицинското средство Oestrofact SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект) вагинален гел е заштитен крем-гел наменет како помош во превенцијата на гениталниот херпес, особено како профилакса на рекурентните инфекции и како помош во третман на бактериски, габични и вирусни инфекции, како што се кандидијаза, генитални брадавици (кондиломи) и постпородилни лезии.

Формира заштитна бариера на лезијата во цел на изолација и заштита на ткивото од надворешните штетни агенси.

Oestrofact SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект) е крем-гел врз база на TIAВ комплекс на микрокристален титаниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро, чие основно делување е создавање бариера што ги штити ткивата и создавање најдобри услови за спречување рекурентни бактериски, габични и вирусни инфекции, особено поради присуство на херпес.

Присуство на диметикон во производот значително придонесува кон ефектот на формирање филм, којшто помага во создавањето на заштитната бариера. Освен тоа, благодарение на карактеристиките и помошната функција на компонентите што влегуваат во состав на производот, Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект) постигнува хидрантен ефект. Aloe vега има хидратантно, освежително и смирувачко дејство, благодарение на присуството на витамини, минерали и аминокиселини, што брзо ги олеснуваат типичните тегоби предизвикани со воспаление, како што се чешање или печење предизвикани од херпес или присуство на кандида или генитални брадавици (кондиломи); исто така, му дава тонус и еластичност на ткивото, го забрзува процесот на зараснување рани и помага во одржувањето на физиолошкиот одбранбен механизам.

Oestrofactº SILVER protect (Естрофакт* СИЛВЕР протект) има двојно дејство:

  • Ја изолира регијата на којашто се аплицира од надворешните штетни микробиолошки агенси;
  • Ја ограничува колонизацијата на микроорганизмите во подрачјето на примената, со што создава најдобри возможни услови за регенерација на ткивото

Пакување: 25 мл 

Содржина

Состав: Вода, PPG-15 стеарил етар, стеаретх-2, стеаринска киселина, глицерин,
TIAB® (микрокристален титниум-диоксид со ковалентно поврзани јони на сребро), цетеарил алкохол, диметикон, стеаретх-21, екстракт на Aloe barbadensis, етилхексилглицерин, натриум-хијалуронат, токоферил-ацетат, бензалкониум хлорид, хексамидин-диизетионат, динатриум-EDTA, натриум-хидроксид.

Упатство за употреба:

1) Пред употреба, исчистете ја површината којашто се третира и добро исушете ја
2) Нанесете тенок слој на крем-гелот на зафатеното подрачје
3) Не масирајте
 

Начин на примена:

Нанесувајте го производот еднаш дневно во траење од седум дена. Крем-гел треба да се нанесува на подрачја што обично се погодени со бактериски, габични или вирусни инфекции, кога ќе се јават првите симптоми (чешање, печење, непријатност, итн.).

Предупредувања:

  • Не користете го производот за цели поинакви од тие наведени во упатството
  • Пред нанесување на производот внимателно измијте ги рацете
  • После нанесувањето, да не се масира зафатеното подрачје и да се остави природно да се исуши, оставете крем-гелот да формира слој на заштитен филм
  • Избегнувајте контакт со очите. Во случај на контакт, веднаш темелно измијте со вода
  • Не употребувајте го Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт" СИЛВЕР протект) после истек на рок за употреба втиснат на амбалажата
  • Чувајте на собна температура далеку од извор на топлина
  • Не замрзнувајте
  • Чувајте вон дофат на деца
  • Не користете ако пакувањето е отворено или оштетено
  • После употреба, правилно затворете ја тубата
  • Престанете со лекувањето во случај на абнормални кожни реакции
  • Во случај на подолга употреба, посоветувајте се со лекар
  • Производот нема спермициден, ниту контрацептивен ефект
  • Поради недостаток на посебните податоци за користење на производот во тек на бременост или доење, прашајте го својот лекар или фармацевт за совет пред да го примените Oestrofact® SILVER protect (Естрофакт СИЛВЕР протект).

Контраиндикации:

  • Не се забележани случаи на предозирање
  • Да не се користи во случај на позната пречувствителност на компонентите
  • Не треба да се користи во комбинација со друга топикална терапија

Услови на чување:
Да се чува подалеку од влага и топлина. Доколку е изложена на сонце, содржината може да поприми благо жолта нијанса; тоа не влијае врз нејзината функционалност и карактеристики. Само за надворешна употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се