PHARMANOVA Фортелакс сируп, 75 мл

PHARMANOVA Фортелакс сируп, 75 мл
334,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006114C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Фортелакс содржи сув екстракт од лист од сена со 45% дихидроантрахинонски хетерозиди во својот состав. Најважни меѓу нив се хетерозидите од диантронски тип, под назив сенозиди.

Fortelax® е средство за празнење на цревата со антрахинон. Активните антрахинони се ослободуваат од антрагликозидите (сенозиди) со дејство на бактерии во дебелото црево. Ги стимулира нервните завршетоци на мукозната мембрана на дебелото црево, делува на мазните мускули и ја зголемува перисталтиката. Фортелакс најмногу се апсорбира во тенкото црево, а остатокот се хидролизира во дебелото црево. Еден дел од апсорбираната супстанција се излачува во урината, а другиот преминува во дебелото црево каде што има ефект. Лаксативното дејство се јавува 6-12 часа по апликацијата.

Се препорачува: 

  • За целосно празнење на цревата како подготовка за радиолошки прегледи на гастроинтестинален и урогенитален тракт, сцинтиграфија на цело тело, ректоскопија и колоноскопија, како и за хируршки зафати изведени под општа анестезија
  • Како помош при запек, акутен и хроничен.

Пакување: 75 мл

Содржина

Состав: 5 мл сируп (1 мерна лажица) содржи 10 мг хидроксиатрацен гликозиди од листовите од сена (пресметано како сенозид Б).

Помошни состојки: метил пара-хидроксибензоат, пропил пара-хидроксибензоат, сахароза, етил алкохол, есенцијално масло од анасон, прочистена вода.

Употреба:

Празнење на цревата:

  • Возрасни: ден пред прегледите кои бараат целосно празнење на цревата, испијте ја содржината од целото шише одеднаш, а потоа трипати по ред наполнете го истото шише со вода и испијте
  • Деца до 14 години: треба да пијат по 1 мл сируп на килограм телесна тежина, а потоа тројно да ја зголемат количината на вода

Покрај наведената шема за дозирање, неопходно е да се следат препораките на лекарот за исхрана.

Запек:

  • Возрасни: 3 лажички (15 мл) сируп и полна чаша вода, навечер по потреба
  • Деца до 14 години: треба да пијат 0,2 мл на кг телесна тежина, а потоа тројно да ја зголемат количината на вода

Предупредување:

Фортелакс не се користи во случаи кога има интестинална опструкција, апендицитис или неодредени симптоми во абдоменот, како и во случај на преосетливост на која било компонента што е дел од сирупот.

Во многу ретки случаи, може да се појават гадење, повраќање, дијареа и благи абдоминални нарушувања. Пријавени се и осип, чешање, црвенило на кожата и ангиоедем. Во случај на такви несакани ефекти, задолжително консултирајте се со фармацевт или лекар.

Треба да се напомене дека долготрајната употреба (месеци и години) може да доведе до дегенерација на миентеричниот плексус, атонија на дебелото црево и хипокалемија.

Посебно е потребно внимание со дијабетичарите, бидејќи едно шише содржи 50 г сахароза (шеќер).

Сирупот може да се дава на трудници и доилки, бидејќи на вообичаен начин на примена, концентрациите кои поминуваат во млекото не се доволни за да делуваат на доенчето. Кај бебињата и малите деца, по земањето на Фортелакс, треба да се избегнува подолг контакт на излачената столица со кожата, а поради можна појава на осип се препорачува честа промена на пелената. Прекумерното внесување може да доведе до дијареа со поголема загуба на вода и електролити, особено калиум.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се