PHARMANOVA Остео К2, 60 таблети

Опис на производот
OстеоК2® го чува здравјето на вашите коски и крвни садови така што:
- Ги јакне коските
- Го спречува создавањето калцификати во крвните садови, ‘рскавицата и меките ткива
- Ги обезбедува неопходните дози на витамини и калциум
OстеоK2® содржи, покрај калциум и витамин Д3, и MenaQ7®, патентиран екстракт од јапонска ферментирана соја Natto, кој претставува најбогат извор на природен витамин К. Сите три микронутриенти во составот на препаратот се потребни за одржување на нормални коски.
Калциумот е неопходен за раст и јакнење на коските, а витаминот Д3 овозможува ресорпција на калциумот од цревата. Улогата на витаминот К2 во одржувањето на здравјето на коските, но и крвните садови, проучувана е во текот на последниве две децении. Сега е познато и докажано дека витаминот К2 е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и негово потполно вградување во коските.
Витаминот К2 е неопходен за активирање на протеини, Oстеокалцин и MatrixGla протеин, потребни за врзување на калциумот и неговото правилно искористување. Доколку овие протеини не се активирани не можат да го врзат калциумот.
Остео К2® се препорачува на сите лица на средна или постара возраст, посебно на жените, за зачувување на здравјето на коските и на крвните садови.
Пакување: 60 таблети
Содржина
Состав: две таблети содржат:
Калциум | 400 мг |
Витамин К | 45 мкг |
Витамин Д | 5 мкг |
Употреба: препорачано внесување за возрасни е две таблети дневно. Се препорачува внимателност кај лица кои земаат антикоагулантна терапија, бремени и доилки. Во овие случаи неопходна е консултација со лекар пред земање на препаратот.