PHARMANOVA Селен + Цинк директ, 20 кесички

PHARMANOVA Селен + Цинк директ, 20 кесички
258,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
045156C
favorite_border

Опис на производот

Селен и цинк се важни минерали кои го јакнат здравјето на целиот организам.

Селенот е моќен антиоксиданс кој:

  • ги штити клетките и ткивата од штетното влијание на слободните радикали со што се забавува стареењето, влијае на плодноста на мажите така што ја поттикнува сперматогенезата
  • неопходен е за здравјето на простатата
  • делува имуностимулативно што е од исклучителна важност за јакнење на имуниот систем
  • учествува во производство на активните хормони на тироидната жлезда што е неопходно за нејзино правилно функционирање
  • неопходен е за правилен раст на косата и ноктите
  • ја поттикнува детоксикацијата на организмот забрзувајќи ја елиминацијата на тешките метали

Истовремено, цинкот придонесува:

  • Во заштитата на клетките од дејството на слободните радикали (антиоксидантно дејство)
  • Во нормалната функција на имуниот систем (имуностимулативно делување)
  • Во метаболизмот на витаминот А и одржување на нормалниот вид
  • Во одржување на нормалното ниво на тестостерон во крвта и во нормалната плодност и репродукција
  • Во процесот на зараснувањето на рани, нормалниот раст, делбата на клетките и зачувување на нормалната ацидо-базна рамнотежа
  • Во нормалната синтеза на протеини и нуклеински киселини, а игра и важна улога во метаболизмот на јаглените хидрати и масните киселини

Во постојаната борба што се води во организмот помеѓу штетните чинители и одбранбените сили, на нас е да го дадеме пресудниот придонес во таа борба кој ќе ни овозможи победа, односно здрав живот. Слободните радикали кои работат против нашето здравје на начин што ги оштетуваат протеините, ја разоруваат клеточната мембрана и предизвикуваат клеточна смрт можат да бидат победени само со помош на антиоксиданси.

Токму селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданси кои ви гарантираат најдобра можна одбрана на вашето здравје.

Пакување: 20 кесички

Содржина

Состав: една кесичка содржи:

Селен 55 мкг
Цинк 10 мг

Употреба: една кесичка дневно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се