PHARMAVITAL Алфа пептид колаген, 50 ампули по 25 мл

Pharmavital Alpha Peptide Collagen kolagen
PHARMAVITAL Алфа пептид колаген, 50 ампули по 25 мл
4.498,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
033986C
favorite_border

Опис на производот

  • Додаток на исхрана
  • Една вијала на ден 
  • Со шеќер и засладувач
  • 11000 мг  Solugel® хидролизиран колаген
  • 100 мг хондроитин сулфат
  • Комбинација на витамини и елементи во траги - витамин Ц, витамин Д, цинк, бакар, селен
  • Без глутен и лактоза
  • 100 % Halal производ

Alpha Peptide Collagen Plus течен колаген на Pharmavital содржи висококвалитетен хидролизиран колаген Solugel® со биоактивни пептиди (од говедско потекло) и хондроитин сулфат во комбинација со витамин Ц, витамин Д, цинк, бакар и селен.

Во организмот на човекот колагенот е најзастапениот протеин. Тој е составен дел на кожата, зглобовите, тетивите, лигаментите и мускулите. Колагенот е значаен извор на есенцијални и неесенцијални амино киселини.

  • Хондроитин сулфат е градбена единица на ‘рскавицата
  • Витамин Ц придонесува за нормално формирање на колаген потребен за нормално функционирање на коските и ‘рскавицата
  • Витамин Д и цинк придонесуваат во одржување на нормални коски
  • Бакар и селен придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес

Колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело и е главна компонента на коските, кожата, зглобовите, тетивите, лигаментите и сврзното ткиво. Со други зборови, колагенските влакна ги наоѓаме во скоро сите ткива во телото. Неговата главна улога е да им даде сила и стабилност на ткивата поради што често се опишува и како „лепак што го држи телото“. Ја поврзува кожата со структурата под неа, а воедно ги штити и крвните садови и нервите. Освен тоа колагенот е значаен извор на есенцијални и неесенцијални амино киселини.

Пакување: 50 вијали x 25 мл.

Содржина

Состав:

Нутритивни информации

  25 мл содржат ПДВ*
Енергетска вредност 220kJ / 51kcal  
Масти   <0.00 г  
- заситени масни киселини <0.00 г  
Јаглени хидрати  1.7 г  
- шеќер  1.6 г  
Протеини 10 г  
Сол <0.08 г  
Витамин Ц 80 мг 100%
Витамин Д 5 мкг 100%
Цинк 5 мг 50%
Бакар 0.3 мг 30%
Селен 25 мкг 45%
Хидролизиран колаген (Solugel®) 11 г /
Хондоитин сулфат 100 мг  
Фруктоза 1.6 мг /

*препорачано дневно внесување

Состојки: вода, хидролизиран колаген, фруктоза, киселина: лимонска киселина, арома, Л - аскорбинска киселина, хондроитин сулфат говедски, боја: Е163 (од лушпа на грозје), конзерванси: калиум сорбат, натриум бензоат, цинк цитрат, засладувачи: сукралоза, ацесулфам К, бакар сулфат, натриум селенит, холекалциферол.

Употреба: 25 мл на ден чиста или разредена во вода.
Добро протресете пред употреба.

Препорачуваме по една вијала на ден во тек на најмалку 3 месеци.
 

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена на балансирана и разновидна исхрана и за здрав начин на живот.
Ако сте бремени, доите, земате лекови, планирате некоја медицинска интервенција или имате некој здравствен проблем, консултирајте се со лекар пред употреба.
Ако дојде до појава на било каква несакана реакција веднаш прекинете со употреба на производот и консултирајте се со Вашиот лекар.
Да се чува на на температура до 25°С, заштитено од влага и директна сончева светлина.
Да се чува на места недостапни на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се