PHARMAVITAL Б-комплекс форте гранули, 70 г
Опис на производот
Pharmavital B-Complex Forte Витамински прашок е граничен производ со вкус на какао.
- Вкусна дополна на исхраната со витамини од Б групата
- За деца од 1+ годишна возраст и возрасни
B-Complex Forte е наменет за деца и за возрасни за подмирување на дневните потреби на организмот за витамини од Б групата како и нивно надополнување при недостаток во исхраната.
Витамините од Б групата имаат значајна улога во одржување на метаболитичките процеси потребни за нормално функционирање на организмот:
Балансираната витаминска мешавина содржи:
- Витамин Б6, придонесува за одржувањето на нормална функција на имуниот систем
- Витамин Б1, витамин Б2 и ниацин, придонесуваат за нормален енергетски метаболизам
- Пантотенска киселина придонесува за нормален ментален перформанс
B-Complex Forte на Pharmavital е посебно наменет за:
- Деца во период на раст и развој
- Состојби на зголемена потреба од витамини од Б групата при физички и психички напор на пример кај спортисти и ученици
- Состојби на зголемена потреба од витамини од Б групата при одредени состојби на организмот на пример диета, прекумерна консумација на алкохол, проблеми со кожата, рековалесценти, при акутни и хронични заболувања
- Лица со слаб апетит
- При истовремана употреба на антибиотици
- Постари лица
Пакување: 70 г.
Содржина
Состав:
Состојки | 3.5 гр прашок | ПДВ* |
Витамин Б1 | 3 мг | 273% |
Витамин Б2 | 2 мг | 143% |
Витамин Б6 | 2 мг | 143% |
Ниацин | 20 мг | 125% |
Пантотенска киселина | 3 мг | 50% |
*препорачано дневно внесување
Состојки: инулин, калциум карбонат, какао во прав, арома, никотинамод, засладувачи (сукралоза, ацесулфам К), тиамин мононитрат, калциум пантотенат, пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин.
Употреба: деца над 1 година и возрасни: 1 (една) кафена лажичка на ден (една рамна кафена лажичка содржи 3.5 г прашок). Растворете го прашокот во вода или млеко и испијте го.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не се користи како замена на разновидна исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која состојка престанете со употреба на производот. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Ако земате други лекови или ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот.
Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво место, на температура до 30°С.