PHARMAVITAL Колаген ампула за убавина, 25 мл

Pharmavital Beauty kolagen kolagen ubavina
PHARMAVITAL Колаген ампула за убавина, 25 мл
89,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048738C
favorite_border

Опис на производот

Нашата кожа секојдневно е изложена на влијанието на различни фактори од надворешната средина, како што се УВ-зрачење, студ, топлина ,стрес и хормонални промени како и на влијанието од исхраната. Сите овие фактори ја намалуваат еластичноста и хидратацијата на кожата, a со тоа се појавуваат и првите тенки линии и брчки.

За да се задржи младоста и женственоста, кожата има потреба од соодветна грижа и внесување на колагенски пептиди, како најмодерен пристап во сите области на современата медицина.

Формулацијата Beauty Collagen на PharmaVital содржи висококвалитетен хидролизиран колаген Solugel® како и витамин Ц, хијалуронска киселина, боровинка екстракт и дополнително витамини и минерали. 

Solugel® висококвалитетен хидролизиран течен колаген.

Колагенот е природна компонента на кожата. Помага кожата дa ја зачува својата цврстина и еластичност. Дополнително, колагенот е важен составен дел на коските, косата, ноктите и зглобовите каде ја помага нивната подвижност

Колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело (над 30% од протеините на тело е колаген) и главен структурен протеин во кожата.

Постојат повеќе од 20 различни видови на колаген. Во дермисот, колагенот тип I формира колагенски фибрили - структури како низа - кои се организирани во колагенски влакна. Овие влакнести протеини градат мрежа што ги пополнува празнините помеѓу клетките и помага да се одржи флексибилноста на ткивата

Регенерацијата на колагенот се намалува како кожата старее.

Деградацијата на колагенот е предизвикана од специјални ензими наречени колагенази, што резултира со фрагментирани протеини.

Со годините, фрагментацијата на колаген се зголемува како што распаѓањето на ензимите станува поактивно, додека производството на колаген од фибробластите се намалува. Во споредба со кожата на возраст од 21 до 30 години, кожата на 80 години демонстрира 4 пати повеќе фрагментирани колагенски влакна.

Така колагенската мрежа во кожата губи дел од својот структурен интегритет кога кожата старее.Ова доведува до појава на несакани брчки и губење на еластичноста и цврстината на кожата.

Пакување: 1 x 25 мл

Содржина

Solugel® е форма на колаген пептид тип I и тип III.

Колагенот во кожата е формиран од фибробласти. Ова е посебен вид на клетки во кожата. Фибробластите не само што произведуваат колаген, туку и други структурни молекули на кожата како еластин и гликозаминогликан. 

За одржување на убава, млада, здрава и еластична кожа, освен внесувањето на колагенски пептиди големо значење има и внесувањето на други состојки и растителни екстракти, кои што се вклучени во составот на Beauty Collagen на PharmaVital .

  • Витамин Ц, е важен дел на оваа формулација, и придонесува за:

  1. Формирање колаген за нормална функција на коските и рскавицата
  2. Формирање колаген за нормална функција на кожатa
  3. Антиоксидативни својства и овозможува витална заштита на кожата со неутрализација на слободните радикали .Најдобри резултати постигнува во комбинација со Витамин Е и Цинк 
  • Цинк

Од вкупната содржина на цинк во телото 6 % се наоѓа во кожата, најповеќе во нејзиниот надворешен слој. Овде цинкот е присутен како важен структурен дел на различни протеини кои ги градат клетките на кожата и како дел од антиоксидативните ензими кои ја штитат кожата од штетни влијанија на слободните радикали. Бидеќи учествува во процесот на делба и диференцијација на клетките, цинкот е постојано потребен на деловите на телото кои брзо се обновуваат – кожа, коса.

  • Витамин Е

Најголема количина на Витамин Е се наоѓа во надворешниот дел на кожата. Составен дел е на антиоксидативниот одбранбен систем на кожата и овозможува заштита од слободните радикали кои доаѓаат во контакт со кожата. Количината на витамин Е во кожата се намалува со стареењето како и со изложеност на УВ зраците.

  • Витамин Б2

Допринесува во одржување на здрава кожа и нормална слузница и исто така е битен антиоксиданс, поточно е важен дел од антиоксидативниот состав на ензими кои ги неутрализираат слободните радикали, со што помага во превенција и намалување на оштетувањата во природниот процес на стареење.

  • Витамин Б3

Допринесува во одржување на здрава кожа, важен е за производство на клеточна енергија како и за создавање на липиди кои помагаат во заштита на кожата од надворешните фактори.

  • Хијалуронска киселина

Има единствена способност за врзување и задржување на водата поради што има улога во хидратација на ткивата. Најзастапена е во кожата (50%). Една од причините за стареење на кожата е намалена количина на хиалуронската киселина.

  • Биотин - заедно со колагенските пептиди допринесуваат за убава и еластична кожа

  • Селенот - придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Комбинацијата од цинк, биотин и вит. Ц има важна улога во обновување и делење на кожните клетки.

Состав во 25 мл на Beauty Collagen на PharmaVital:

Хидролизиран колаген Solugel®

од кој протеини 

5555 мг /

5000 мг

Натриумова сол на хијалуронска киселина 30 мг
Боровинка концентрат 1000 мг
Витамин Ц 100 мг
Витамин Б2 2 мг
Витамин Е 10 мг
Ниацин 16 мг
Биотин 50 мкг
Цинк 10 мг
Селен 8.25 мкг

Употреба: земете по една вијала од 25 мл на ден, чиста или разредена со вода. Пред употреба добро протресете. Се препорачува употреба на производот во тек на најмалку 3 месеци .

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се