PJ PHARMA Rigel Вагинален гел, 30 мл
Опис на производот
Farmaimpresa Rigel Вагинален гел е медицинско средство со pH 4.5 наменето за превенција и третман на надворешна сувост на вагината. Посебна формулација со хидратантен, освежителен и омекнувачки ефект за вулво-вагиналната регија. Ефектот се одржува долго време по апликација.
- Хидрира
- Омекнува
Rigel вагинален гел е наменет за состојби на сува вулво-вагинална регија како и за други состојби каде што е потребен ефек на омекнување со што се овозможува ослободување од симптомите на нелагодност предизвикана од намалена лубрификација на интимната регија, иритација, чешање, црвенило, печење и хиперсензитивност.
- Хијалуронската киселина има хидратантно и омекнувачко дејство при состојби на сува вагина со што придонесува за обнова и нормална функција на слузокожата на вагината
- Млечната киелина е состојка нормално присутна во вагиналната регија, која придонесува за нормализирање на pH вредноста и олеснување на природната обнова на нежната вулво-вагинална регија
- Формулацијата е збогатена со витамини кои поседуваат антиоксидативни карактеристики како и растителни екстракти со омекнувачки и смирувачки својства
Пакување: 30 мл.
Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија.
Содржина
Состав: вода, глицерин, Triticum vulgare germ екстракт, хидроксиетил целулоза, Lavandula angustifolia цветна вода, имидазолидинил уреа, полисорбат 20, натриум хијалуронат, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, калиум сорбат, ксантан гума, млечна киселина, EDTA, глицин сојаекстракт од семе, глицеризинска киселина, пропилен гликол, малтодекстрин, феноксиетанол, етилхексилглицерин, ретинил палмитат, токоферил ацетат, тетранатриум глутамат диацетат.
Начин на употреба: употребувајте го производот еднаш на ден. Пред употреба темелно измијте ги рацете и исплакнете ја вагиналната регија. Нанесете мала количина од гелот во вагиналната регија и нежно масирајте. Добро затворете ја тубата по употреба.
Предупредување: Само за надворешна употреба. Да се чува на места недостапни за деца, добро затворено, на места заштитени од светлина и извори на топлина. Да не се употребува по истекување на рокот на употреба што е наведен на пакувањето. Рокот на употреба се однесува на соодветно чуван производ. Да не се употребува ако е оштетено пакувањето. Производот не е стерилен и не е наменет за контрацепција. Да не користи во случај на повреда. Да не се голта. Избегнувајте контакт со очи.
Употребата кај бремени жени, доилки и адолесценти, треба да биде лимитирана само доколку е апсолутно неопходна и под директен надзор на лекар. Да не се користи при индивидуална пречувствителност на состојките присутни во состав на производот. Немојте да го употребувате производот истовремено со производи кои содржат кватерни амониумови соединенија. При состојби на интактен химен, консултирајте се со вашиот гинеколог пред употреба на производот. Ако дојде до појава на било какво несакано дејство, Ве молиме веднаш да го информирате вашиот лекар или фармацевт.
Пред употреба прочитајте го внимателно упатството за употреба.
Начин на чување: Да се чува на температура од 5-25°С.