PK BENELUX Уримил плус, 30 капсули

Опис на производот
Уримил плус е додаток на исхраната што ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем. Создаден за да се грижи за половината и грбот, секоја капсула Уримил плус содржи оптимална комбинација од 7 хранливи состојки кои помагаат во регенерацијата на оштетените неврони.
Пакување: 30 капсули
Прочитај повеќе
Корисни информации:
Болка во половината, грбот или екстремитетите може да се должи на:
- Повреди (пад, удар, дислокација и др.)
- Хируршки операции
- Воспалителни или заразни болести (грип, вирусни инфекции и др.)
- Други заболувања (дегенеративни промени, стеснување на ‘рбетниот канал, спондилолистеза, остеопороза, блокади, проекциона болка при заболувања на внатрешните органи, онколошки заболувања, дијабетес, недостатоци во исхраната, токсични агенси и лекови)
Едни од најчестите заболувања на периферниот нервен систем се:
- Ишијас
- Лумбаго
- Дископатија
- Цервикален радикулит
- Интеркостална невралгија
- Плексити
Периферниот нервен систем (ПНС) е продолжение на централниот нервен систем (ЦНС), кој го сочинуваат мозокот и ‘рбетниот мозок. Главната функција на периферниот нервен систем е да го поврзе ЦНС со екстремитетите и со органите на телото. За разлика од ЦНС, ПНС не е заштитен со коскено ткиво (череп и ‘рбет) како што е случај со мозокот и ‘рбетниот мозок и е подложен на оштетување.
Нервните клетки се најмалите структурни единици на нервниот систем. Нивниот број е околу 100 милијарди, при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Невроните во нервниот систем варираат по форма и големина, но структурата им е слична. Невронот се состои од тело и продолжетоци. Едниот од продолжетоците, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, клетката испраќа информации до останатите клетки.
Содржина
Состав: една капсула содржи:
Магнезиум цитрат (со содржина на Магнезиум 100 мг |
689.66 мг |
Уридин монофосфат | 50 мг |
Витамин Б1 (тиамин) | 4 мг |
Витамин Б3 (никотинамид) | 10 мг |
Витамин Б6 (пиридоксин) | 6 мг |
Витамин Б12 (цијанокобаламин) | 10 мкг |
Фолна киселина | 400 мкг |
Употреба: 1 капсула дневно.