МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

ПЛАНОВИ И ВЕТУВАЊА ЗА 2023 КОИ МОРАТЕ ДА ГИ ИСПОЛНИТЕ!

Да се исполнат ветувањата за новата година може да биде предизвик. Веројатноста да успеете во вашите идеи е поголема доколку си поставите цели кои одговараат на вашиот животен стил. Креирањето на здрави навики може да ви одземе време и енергија.

Затоа, придржувајте се до следниве правила:

  • Бидете конкретни
  • Бидете реални
  • Следете го вашиот успех
  • Не дозволувајте “совршеното” да му биде непријател на “доброто”
  • И малите достигнувања се голема победа

Следејќи го овој календар на достигнувања може да останете во форма и да креирате поздрава, посреќна верзија од вас.

ЈАНУАРИ- ПОДОБРЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ

Внесувајте ги сите потребни хранливи материи преку храна. Консумирањето на здрава храна треба да биде на првата линија од одбраната. Дефицитот од одредени нутриенти како цинк, растителни влакна, витамин А и Ц може да го намали имунолошкиот систем. Грижете се за здравјето на цревата.

80 % од имунолошкото здравје доаѓа од здравјето на цревата. Храна која е богата со интегрални зрна и влакна ќе го намали воспалението и ќе ги охрабри добрите бактерии да создадат силен имунолошки систем. Внесете природни суперхрани во исхраната. Суперхраните како мача, бобинки и чиа семе се богати со витамини, минерали и антиоксиданти и се одлични бустери на имунолошкиот систем.

ФЕВРУАРИ- ГРИЦКАЈТЕ ЗДРАВО

Знаеме дека сите сакаме да грицкаме, но зошто да не грицкаме здраво,  паметно и без грижа на совест?

МАРТ- ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ

Грижата за вашето здравје треба постојано да ви биде приоритет. Сепак, доколку сте едни од оние кои постојано немаат време за себе, овој месец посветете го на вашето здравје и благосотојба.

АПРИЛ- ВЕЖБАЈТЕ

Најдоброто што можете да го направите за вас е да одберете избалансиран пристап фокусирајќи се на грижата за вашето тело со помош на храна богата со интегрални зрна во комбинација со физичка активност, без разлика дали се работи за вежбање во теретана, вежбање дома, трчање  и тн.

МАЈ- ПОЈАДУВАЈТЕ ЗДРАВО

Започнете го денот со овесна каша.

Правете различни комбинации со рецепти со овесни каши и ве уверуваме дека за кратко време ќе ја забележите разликата- едноставно користете ги секогаш и во секоја комбинација- ќе се навикнете на новата промена, плус секогаш ќе бидете сити до ручекот.

 

ЈУНИ- ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ ВОДА

Создадете си навика да пиете повеќе вода во текот на денот и ќе забележите дека имате повеќе енергија, подобра дигестија и почиста кожа. Чувајте си шише со вода на вашата работна маса и полнете го секој пат кога ќе се испразни.

 

ЈУЛИ- ПЕРИОД БЕЗ ЛАКТОЗА

Исхраната без лактоза е начин на исхрана каде комплетно се елиминира или ограничува внесот на лактоза. Многу луѓе имаат проблем со дигестија на лактозата во млекото и млечните производи, па консумацијата на лактоза кај нив може да предизвика болка во стомакот, подуеност и диjареја. Некои одбираат да не консумираат лактоза заради лични, религиозни или здравствени причини, како и заради еколошки и етички причини.

 

АВГУСТ- ОТФРЛЕТЕ ГИ ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ

Можете да се обидете да го исфрлите сосема шеќерот од вашата исхрана. Доколку ви е тешко, отфрлете ги барем вештачките засладувачи. Играјте паметно и сигурно, користете природни засладувачи како стевиа, агаве, јаворов сируп...

 

СЕПТЕМВРИ- СПИЈТЕ ПОВЕЌЕ

Добриот сон е голем фактор за добар имунолошки систем како и емоционална благосостојба со тоа што ќе му дадете на мозокот време да се одмори и да ги наполни батериите. Направете си рутина за легнување, ограничете го времето кое го поминувате пред екран пред спиење и направете тивка средина за спиење.

 

ОКТОМВРИ- ПОВРЕМЕНО ПРАКТИКУВАЈТЕ БЕЗГЛУТЕНСКА ИСХРАНА

Земете пример од лицата кои се интолерантни на глутен- има толку многу одлични оброци во кои можете да уживате без предрасуди. Обидете се да направите една безглутенска вечера за да се запознаете подобро со состојките и техниките на подготовка кои вообичаено не ги применувате.

 

НОЕМВРИ- ГРИЖЕТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАМАШКОТО ЗДРАВЈЕ

Како и жените, така и мажите треба постојано да водат грижа за своето здравје. Но, бидејќи ноември е прифатен како месец на грижа за машкото здравје, искористете го да ги направите сите потребни прегледи соодветни за вашата возраст.

 

ДЕКЕМВРИ- ЈАДЕТЕ ОРГАНСКА СЕРТИФИЦИРАНА ХРАНА

Сè почесто сме сведоци  на лица кои имаат желба да јадат здраво, се интересираат за потеклото на храната која ја внесуваат, како и за начинот на кој таа храна е произведена. Постојат многу причини заради кои треба да одберете органски сертифицирана храна наспроти конвенционалната храна. Пред сè, консумирањето на органска храна ја намалува количината на внесени хемикалии во вашиот организам. Органското одгледување на храна произведува храна без да се користат токсични пестициди.

На овој начин, не само што се грижите за вашето здравје, туку се грижите и за здравјето на нашата планета.