POLSKI LEK Омегамед беби + витамин Д, 30 twist of капсули

POLSKI LEK Омегамед беби + витамин Д, 30 twist of капсули
395,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
046717C
POLSKI LEK OMEGAMED BABY DHA +Витамин Д twist of капсули- 30 капсули (0+месеци)
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Omegamed Baby + D е производ наменет за потребите на доенчињата почнувајќи од првиот ден на животот, и за деца.

Првите денови од животот, од раѓање до втората година, претставуваат период на најинтензивен развој, период на развој на нервниот систем, мозокот, видот и имуниот систем.

Omegamed Baby + D осигурува секојдневно снабдување со ДХА и витамин Д:

  • ДХА (docosahexaenoic acid) е важна градбена состојка на нервните клетки и ретината
  • ДХА придонесува за нормална функција на мозокот и за нормален развој на видот кај доенчиња до 12 месец од животот

Карактеристики:

  • Оригинален безбеден извор - екстрахирана од природни алги Schizochytrium sp. Вообичаен извор на ДХА се масни морски риби, кои ја добиваат ДХА хранејќи се со морски алги кои се всушност оригинален извор на ДХА. ДХА во Omegamed Baby +D е уникатна форма на ДХА добиена од алги (Life’s DHA® заштитена трговска марка на DSM, САД), посебно наменета за доенчиња и деца. Има пријатен вкус и мирис како и добра апсорпција и подносливост
  • Висока чистота - алгите од кои е екстрахирана ДХА, се одгледувани во контролирани услови, заштитени од влијанието на морските танкери. Ова значи без ризик од контакт со потенцијално опасни загадувачи кои може да се сретнат во природните средини како диоксин, метилирана жива, полихлорирани бифенили (PCB)
  • Проверени - ефикасноста и безбедноста се потврдени со бројни истражувања како и од традиционална употреба. Ова значи дека се проверени и прилагодени на потребите на децата

Витаминот Д, наречен сончев витамин, има повеќекратно влијание на организмот. Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата и придонесува за нормална функција на имуниот систем кај децата. Согласно препораките секое дете треба да зема витамин Д уште од првиот ден на животот без оглед на начинот на исхрана (доење/употреба на формула).

Пакување: 30 Twist - off капсули

Содржина

Состав: една (1) Twist-off капсула содржи

  • Витамин Д 10 мкг (400 ИЕ) и ДХА 150 мг

Состојки:
Капсула: масло од микроалгата Schizochytrium sp. кое содржи ДХА (docosahexaenoic acid) [масло од алги; олеинско сончогледово масло; арома; антиоксиданси: екстракт богат со токофероли, естри на масни киселини на Л-аскорбинска киселина]; холекалциферол (витамин Д).
Обвивка на капсулата: желатин, овлажнувач: глицерол; боја: железни оксиди и хидроксиди.

Напомена: Поради природното потекло и високата концентрација на активната состојка во маслото од алги можна е појава на видлив талог (пример заматување, кафени формации итн.). Ова нема влијание на карактеристиките на производот.

Препорачана дневна употреба: една (1) Twist-off капсула на ден (150 мг ДХА и 400 ИЕ витамин Д).
Начин на употреба: Извиткајте го и скинете го крајот на капсулата.
Ако не се отвара, исечете го крајот на капсулата.
Истискајте ја содржината на капсулата во лажичка или додадете ја во мала количина на храна: млеко, мајчино млеко, каша или супа.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се