POLSKI LEK Solbaby Арома фластери, 5 парчиња

polski lek solbaby aroma flasteri lepenki dete bebe
POLSKI LEK Solbaby Арома фластери, 5 парчиња
335,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048813C
favorite_border

Опис на производот

Solbaby Арома лепенки кои содржат единствена комбинација на етерични масла од еукалиптус, нане (пеперминт), бор, лимон портокал, рузмарин, анасон, каранфилче.

Наменети се:

  • Вирусни инфекции
  • Инфекции на горните респираторни патишта
  • Се препорачува за време на настинка, грип, синузитис, алергиски ринитис
  • Течење на нос, затнат нос, болно грло и бронхитис
  • Упорно кашлање

Дејствуваат така што лесно испаруваат и го ослободуваат носот, го спречуваат течењето на носот, го олеснуваат дишењето и ја намалуваат кашлицата.
Лепенките имаат голема предност во однос на другите инхалациони масти, бидејќи не се нанесуваат директно на кожата. Се лепи на пижамите – не предизвикува алергиски реакции!

  • Еукалиптус - етеричното масло од еукалиптус ги прочистува горните дишни патишта, ја смирува кашлицата и го олеснува дишењето. Маслото од еукалиптус е моќен деконгестив, многу брзо го ослободува носот. Дополнително дејствува како експекторанс (за искашлување), противвоспалително и како јак антивиротик.
  • Нане - дејствува, исто така, како деконгестив и експекторанс, но дополнително ги ослободува (опушта) мускулите, ја намалува напнатоста, главоболката, кашлицата, настинката, засипнатоста, ја намалува телесната температура и ги редуцира симптомите на алергија
  • Рузмаринот има антиинфламаторни својства. Затоа е корисен во случаи на настинки, грип и воспалено грло, а помага и при поленски и други алергии
  • Бор делува стимулативно, ги ублажува болките и го освежува организмот. Има силно терапевско делување кај инфекции на дишните патишта, бронхитис и астма
  • Етеричното масло од лимон е добро за искашлување и чистење на дишните патишта, етеричното масло од анасон има антисептично и дезинфициентно дејство, го олеснува дишењето

Наменети се за деца над 18 месечна возраст. Фластерот дејствува речиси цела ноќ – активен е 8 часа.

Пакување: 5 лепенки.

 

Содржина

Состав: Една лепенка содржи 130 мг мешавина од 8 есенцијални масла: еукалиптус, пеперминт, бор, лимон, портокал, рузмарин, анасон и каранфилче.

Дејство: Бавно ослободување на миризбата од есенцијалните масла, во времетраење до 8 часа.

Важно: Не се пријавени симптоми на предозирање и несакани дејства. Во случај на случајна ингестија контактирајте го веднаш вашиот лекар.             

Предупредување: само за еднократна употреба. Да не се лепи директно на кожа. Да не се користи кај деца под 18 месечна возраст. Да не се користи во случај на астма или хиперсензитивност на било која од состојките на производот.

Употреба: Отворете ја кесичката. Одлепете ја заштитната лента и залепете ја лепенката на сува облека во пределот на градите, на безбедна оддалеченост од лицето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се