Преврски Вивамел со медицински костенов мед
Преврските Вивамел со медицински костенов мед и апсорбирачки носачи го поддржуваат заздравувањето на раните од нивното формирање до заздравување.
Медот има висока содржина на шеќер и ниска содржина на вода и кисела рН вредност. Поради овие физички својства, тој создава средина во раната што е неповолна за раст на микроорганизми ,го поттикнува чистењето на раната и во исто време го поттикнува нејзиното заздравување.
Костеновиот мед создава влажна средина во која е докажано дека раната заздравува побрзо. Во исто време ја снабдува со ензими ,елементи и антиоксиданси кои дополнително го поттикнуваат заздравувањето.
Поради своето осмотско дејство, медицинскиот костенов мед го поттикнува чистењето на раните, овозможува влажно заздравување, има антимикробни и антиинфламаторни ефекти, го намалува непријатниот мирис, го стимулира формирањето на ново ткиво, го забрзува затворањето и заздравувањето на раните со помалку лузни.
Заздравувањето на раните е најбрзо и најефикасно ако веднаш почнеме да го користиме медицинскиот костенов мед Вивамел.
Постојат 4 вида од медицински костенов мед што може да ги изберете
- Алгинатна преврска
- Полиуретанска пена
- Контактна мрежичка
- Мед во туба