МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Природно бојадисување јајца за Велигден со безбедни бои за деца: куркума и спирулина

Техники на вапцање (фарбање) јајца со суперхрана од Зегин, безбедна за децата со ADHD

Велигден е момент кога домот се полни со радост, а вашето малечко со нетрпение чека да учествува во бојадисувањето јајца. Но, дали сте сигурни што користите? Сè повеќе родители во Македонија се свртуваат кон природни начини на бојадисување јајца – за поголема сигурност, безгрижни денови и вистинска празнична магија, посебно за хиперактивни деца и деца со ADHD.

🥚Како да бојадисате (вапцате) јајца со природни бои?

Природното бојадисување јајца се прави со потопување или варење на јајца во раствори од куркума, спирулина, кромид или цвекло со додаден оцет. Оставете ги да стојат неколку часа или преку ноќ за поинтензивна боја. Овој метод е безбеден и погоден за деца.

Велигденските јајца се посебен момент за секое семејство. Природното фарбање јајца носи сигурност, топлина и вистинска празнична атмосфера. Куркумата, спирулината и други премиум состојки од Зегин нудат софистицирана естетика и максимална сигурност за вашето семејство во текот на безгрижните празнични денови.

Зошто природно бојадисување јајца е подобар избор?

Истражувањата покажуваат дека одредени вештачки бои може да влијаат на однесувањето кај децата. Затоа, изборот на природни бои не е само тренд, туку свесна одлука за сигурност за вашето семејство.

Лушпата на јајцето е природно порозна. Тоа значи дека бојата може да навлезе внатре, особено ако јајцето е напукнато. Кога користите природни состојки, дури и во тој случај знаете дека сте направиле безбеден избор.

Науката зад безбедноста: Хиперактивност и вештачки бои

Поврзаноста помеѓу одредени адитиви и хиперактивноста кај децата е научно документирана преку познатата „Саутемптонска студија“ објавена во медицинското списание „The Lancet“. Истражувањето докажа дека одредени вештачки бои можат да ја влошат состојбата кај деца со ADHD, но и да предизвикаат немир кај деца без претходна дијагноза. Затоа, изборот на природни пигменти како куркумин или фикоцијанин не е само прашање на естетика, туку медицински оправдана одлука за здравјето на вашето дете.

Совршено варење без пукање

  • Не користете тазе јајца, туку отстојани барем една недела
  • Термален шок: Секогаш започнувајте со јајца на собна температура и ладна вода. Постепеното загревање спречува нагло ширење на воздушниот џеб
  • Сода бикарбона за лесно лупење: Додадете половина лажичка сода бикарбона во водата додека ги варите јајцата. Таа ја зголемува алкалноста (pH) на водата, што помага лушпата полесно да се одвои од мембраната
  • Сол за заштита: Додадете една супена лажица сол. Доколку јајцето напукне, солената вода предизвикува побрза коагулација на протеините во белката, веднаш „запечатувајќи“ ја пукнатината
  • Оцет додавајте само во бојата

Природни бои

  • Куркума – жолта
  • Црвен кромид или црвена зелка – темно црвена/виолетова
  • Кафеав кромид - портокалова
  • Цвекло – розова
  • Спирулина – бледо зелена
  • Какао – бледо кафеава

✅Премиум рецепти со суперхрана и природни состојки

Златно жолта (Куркума)

Во петстотини милилитри вода додадете две супени лажици органска куркума во прав. Варете десет минути, па оставете да се излади. Додадете една лажица бел алкохолен оцет. Потопете ги јајцата и оставете ги во фрижидер од шест до дванаесет часа. Куркумата дава интензивна златна нијанса која е целосно безбедна за децата.

Магична тиркизна (Спирулина)

Користете го ладниот метод: растворете две лажици органска спирулина во двеста и педесет милилитри топла вода. Спирулината е деликатна и хлорофилот може да се деградира на висока температура. Потопете ги веќе сварените јајца во растворот со една лажица оцет и чувајте ги во фрижидер преку ноќ.

Креативни техники

  • Ливчиња, пример детелинки или мали цветчиња 🌸 за отпечатоци при што се ставаат јајцата во мрежеста или најлонска чорапа за да се прицврсти ливчето и да остави бела необоена трага на јајцето. Мал совет: оставете ги децата да ги наберат и на тој начин да допринесат во украсување на велигденските јајца
  • Мермер ефект се постигнува со капнување неколку капки масло во бојата за да остави необоени делови на јајцето
  • Омбре техника - потопување на јајцето во различни бои или истата нијанса но посветли и потемни тонови
  • На крај јајцата се премачкуваат со малсо од кокос за да имаат сјаен ефект ✨
  • Ако сакате да ги шарате јајцата со фломастери или да лепите стикери тогаш не ги премачкувајте со кокосово масло

Најчести прашања поврзани со фарбање велигденски јајца (FAQ)

Како да добијам поинтензивна боја?

Оставете ги јајцата подолго во растворот, најдобро преку ноќ (максимум 12 часа ако има оцет во бојата).

Дали природните бои се безбедни?

Да, тие се најбезбедниот избор за семејства со деца, посебно хиперативни деца и деца со ADHD.

Зошто се додава оцет и кога?

Оцетот помага бојата подобро да се врзе за лушпата. Важно: Не мешајте ги содата и оцетот во иста фаза. Содата се става само при варењето, а оцетот подоцна во растворот за боја. Ако ги ставите заедно, тие ќе реагираат и ќе ја изгубите нивната функција.

Може ли да се варат јајцата во боја?

Да, тоа дава поинтензивен резултат, но секако ако станува збор за природните бои, не вештачки.

Зошто се додава сода бикарбона при варењето?

За да се лупи подобро лушпата од јајцето се додава сода бикарбона при варењето, заедно со солта.

Како најлесно да се избрише печатот од јајцето?

Со додавање на сода бикарбона при варењето, лушпата се чисти од сите нечистотии вклучително и розевиот печат.

Дали оцетот ги прави јајцата полесно кршливи?

Оцетот реагира со калциум карбонатот во лушпата создавајќи микро-пори за бојата. Ако јајцето стои во растворот до дванаесет часа во фрижидер, лушпата останува цврста. Сè додека не го надминувате препорачаното време, вашите велигденски јајца ќе бидат безбедни и цврсти.

Може ли да се користи јаворов сируп или агаве при декорацијата?

Органскиот јаворов сируп или агаве може да се користи како безбедно лепило. Нанесете тенок слој врз исушеното јајце за да фиксирате златни ливчиња или суви цветови. Ова е идеална еколошка замена за индустриските лепила кои не се погодни за храна.

Што ако бојата навлезе во внатрешноста на јајцето?

Кога користите суперхрана од Зегин, навлегувањето на бојата низ пукнатина во белката е целосно безбедно. Вие всушност внесувате дополнителни антиоксиданси наместо штетни хемикалии, што е најголемата предност на природното бојадисување за здравјето на вашето малечко.

Изборот на природни начини на бојадисување јајца е доказ за вашата грижа за здравјето на најмилите.

🛒 Сите потребни органски состојки, од куркума и спирулина до сода бикарбона и кокосово масло за сјај, се достапни во аптеките на Зегин низ цела Македонија и во онлајн продавницата, а доставата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.