МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Пролетната алергија и вашето дете

Како и возрасните и децата од која било возраст не се имуни на пролетните алергии. Со самите сончеви зраци и потопли денови, децата поголемиот дел од денот го поминуваат надвор, што е исклучително важно за нивниот правилен раст и развој. Меѓутоа, токму тука настанува проблемот. Задишаност, кивање, растечен нос, се само некои од проблемите со кои ќе се соочите доколку вашето дете е склоно кон алергии.

За појава на алергијата постои генетска предиспозиција, која доаѓа од родителите. Поленските алергии се ретки кај бебињата и најчесто се јавуваат кај деца постари од три години.

.

Превенција

Како родители, можете да воведете превентивни мерки. Најдобро би било детето да се оддалечи од изворот на алергија, или барем да се намали времетраењето на изложеност на тој извор. Концентрацијата на полен е значително висока во текот на денот, особено во утринските часови. Деновите со ветер исто така може да ја влошат ситуацијата. Не го изложувајте детето на чад од цигари и силни мириси, бидејќи тоа ја иритира слузницата во носот. Исто така, по престојот во природа потребно е детето веднаш да го пресоблечете и да го измиете, а доволно е и само да се измијат рацете и да се исчешла косата. Сменете ја облеката и на тој начин ќе спречите алергените да допрат до вашето дете. Исто така, одбегнувајте облеката на детето да ја сушите надвор.