REALY Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со плунка

REALY Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со плунка
299,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051681C
COVID ANTIGEN (PLUNKA) RAPID TEST CASETA (COVID)
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

REALY Novel Coronavirus (SARS-Cov-2) Antigen Rapid Test Device (saliva)

  • Антиген брз тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) (Ковид 19) со плунка
  • Брз тест за квалитативна детекција на антигени на корона вирус со примерок од плунка
  • Ин витро дијагностичко средство.

Антиген брзиот тест за детектирање на Корона вирус (SARS-Cov-2) со плунка е ин витро дијагностички тест за квалитативна детекција на нуклеопротеин и гликопротеин на корона-вирусното заболување во плунката кај луѓето, користејќи го брзиот имунохроматографски метод како помагало за дијагностицирање на SARS-Cov-2 инфекции. Идентификацијата се заснова на моноклонални антитела специфични за антигените на корона-вирусот. Овој тест ќе обезбеди информации за клиничките лекари да ординираат соодветни лекови.

Тестот содржи: Тест уред, пипета, капалка, чашка за собирање плунка, реагенс за екстракција (бафер), шише, пластична кеса, упатство за употреба

Дополнителни потребни материјали: Тајмер

Пакување: 1 тест

  • Општи информации:

 

Новите коронавируси припаѓаат на β класата. COVID-19 е акутно респираторно инфективно заболување. Подложни се генерално луѓето. Во моментов, пациентите заразени од новиот корона-вирус се главниот извор на инфекција; асимптоматски заразените лица исто така можат да бидат извор на зараза. Врз основа на тековните епидемиолошки испитувања, периодот на инкубација е од 1 до 14 дена, најчесто од 3 до 7 дена. Главните симптоми на заболувањето вклучуваат треска, замор и сува кашлица.

Пријавени се и симптоми како затнат нос, течење на носот, болно грло, болка во мускулите и дијареа, како и тежок акутен респираторен синдром.

Корона-вирус-2 (SARS-Cov-2) е не-сегментиран РНК вирус, обвиткан со неколку слоеви на структурни протеини (spike (S), envelope (E), membrane (M) и nucleocapsid (N)).

Во моментов, постојат многу варијанти на корона-вирусот (SARS-CoV-2) и N501Y мутацијата и сличните варијанти привлекоа внимание затоа што нивната позиција на мутација е лоцирана во доменот на рецепторот врзан за гликопротеинот на вирусот, со што се менува ефикасноста на вирусната инфекција. Во силиконска анализа се покажа дека мутацијата N501Y не ја менува примарната и терцијарната протеинска структура на S протеинот во RBD domain. Затоа, неговата антигеност останува непроменета.

Упатство за употреба:

Пред тестирањето, оставете ги некое време тест уредот, примерокот од плунка и реагенсот за екстракција, на собна температура (15-30°C). Најмалку 10 минути пред земање на примерок од плунка, немојте ништо да јадете, пиете, немојте да џвакате гума за џвакање, да пушите, да пиете вода или да користите средства за плакнење на устата.

  1. Плукнете доволно плунка во чашката за собирање плунка

  2. Земето го цевчето со реагенсот за екстракција, отстранете го капачето и истурете ја целата содржина на реагенсот за екстракција во приложеното шише

  3. Со пипетата извлечете доволна количина плунка од чашата, внимавајте нивото на плунка да не ја надминува границата помеѓу долниот дел на воздушната ќесичка и пипетата, потоа пренесете ја целата плунка во шишето во кое го ставивте реагенсот за екстракција

  4. Прицврстете ја капалката на шишето и нежно протресете вертикално околу 5 секунди за да може плунката добро да се измеша со реагенсот за екстракција. Чашката во која го земавте примерокот од плунка, свиткајте ја на половина, ставете ја во пластичната кеса и отстренете како медицински отпад во согласност со локалните прописи.

  5. Потоа извадете го тест уредот од фолијата и направете го тестот што е можно побрзо. Најдобри резултати ќе се добијат ако анализата се изврши веднаш по вадење од фолијата. Ставете го уредот за тестирање на чиста и рамна површина. Капнете 3 капки од примерокот и вклучете го тајмерот.

  6. Прочитајте го резултатот за 10~20 минути. Не ги земајте во предвид резултататите по истекување на 20 минути.

test

 

  • Читање на резултатот:

ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Се појавуваат две црвени линии. Една црвена линија се појавува во контролната зона (C) и една црвена линија во тест зоната (T). Нијансата на бојата може да варира, но треба да се смета дека резултатот е позитивен и тогаш кога линијата е бледа.

НЕГАТИВЕН РЕЗУЛТАТ: Само една црвена линија се појавува во контролната зона (C), и нема линија во тест зоната (T). Негативниот резултат укажува на тоа дека во примерокот нема честички на корона-вирус или бројот на вирусни честички е под видливиот опсег.

НЕВАЛИДНО: Не се појавува црвена линија во контролната зона (C). Тестот е невалиден дури и ако има линија во тест зоната (Т). Недоволна количина на примерок или неточни процедурални техники се најверојатните причини за ова. Прегледајте ја постапката за тестирање и повторете го тестот користејќи нов уред за тестирање. Ако ги добите пак истите резултати прекинете го тестирање и контактирајте го дистрибутерот.

Мерки на претпазливост:

  • Само за ин витро дијагностичка употреба

  • Да не се користи по истекување на рокот на употреба

  • Да не се користи ако пакувањето е оштетено

  • Направете го тестот на собна температура од 15 до 30°C

  • Носете ракавици при земање на примероците, избегнувајте допирање на мембраната на реагенсот и прозорчето на примерокот

  • Сите примероци и користени додатоци треба да се третираат како инфективни и да се отстранат во согласност со локалните прописи

  • Тестот не е намнет за тестирање со примерок од крв

Содржина

Примерокот од плунка се зема со помош на помошните уреди дадени во комплетот. Следете ги инструкциите дадени во дел “Упатства за употреба”, кои може да ги прочитате на нашата веб страна во делот „Прочитај повеќе“ кај описот на производот.

  • Немојте да користите други предмети.
  • Тестот може да го правите во било кое време од денот.

Откако ќе земете примерок од плунка, следете ги инструкциите дадени во дел “Упатства за употреба”.

  • Механизам на дејство:

Брзиот тест за квалитативна детекција на антигени на коронавирус со примерок од плунка е анализа на имунохроматографска мембрана што користи високо чувствителни моноклонални антитела кон корона-вирусот.

Тест лентата е составена од следниве три дела, подлога за примерок, подлога за реагенс и реакциона мембрана. Мембраната на реагенсот содржи colloidal-gold коњугати со моноклонални антитела против корона-вирус; реакционата мембрана ги содржи секундарните антитела за корона-вирусот и поликлоналните антитела против mouse globulin, кои се претходно имобилизирани на мембраната.

Кога примерокот на плунка ќе дојде во контакт со со тестот, конјугираниот раствор од подлогата на реагенсот се раствора и мигрира заедно со плунката. Кога корона-вирусот е присутен во примерокот на плунка, се формира комплекс помеѓу анти-новел корона-вирус конјугат и на тој начин вирусот ќе биде фатен/откриен од специфичниот анти-новел корона-вирус моноклонален обложен на Т-зоната. Без разлика дали примерокот содржи вирус или не, растворот продолжува да мигрира за да наиде на друг реагенс (anti-mouse IgG антитело) што ги врзува преостанатите конјугати, создавајќи црвена линија во С-зоната.

Брзиот тест за квалитативна детекција на антигени на корона-вирус со примерок од плунка може да ги открие и SARS-Cov-2 нуклепротеинот, како и SARS-Cov-2 spike protein. Преку ELISA, се утврдува дека антителото што се користи се врзува за аминокиселините 511-531 од SARS Cov-2 spike протеинот.

Откривањето на генетските SARS-CoV-2 варијанти беше тестирано со испитување на чувствителноста кон рекомбинантните SARS-Cov-2 spike протеини (319 до 541aa). Во овие тестови, брзиот тест на антигени на корона-вирусот (SARS-Cov-2) ги постигна истите вредности при откривање на варијантите B.1.1.7 (UK) и B.1.351 (SA) како и при откривање на стандардната варијанта.

Реагенси:

Мембраната на реагенсот содржи colloidal-gold коњугати со моноклонални антитела против корона-вирус, реакционата мембрана ги содржи секундарните антитела за корона-вирусот и поликлоналните антитела против mouse globulin, кои се претходно имобилизирани на мембраната.

Начин на чување:

Да се чува на собна температура или во фрижидер (2-30°C). Да не се замрзнува. Сите реагенси се стабилни сè до датумот на истекување на рокот на употреба означен на пакувањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се