REALY COVID-19 IgG/IgM Рапид тест за детекција на антитела

REALY COVID-19 IgG/IgM Рапид тест за детекција на антитела
249,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051965C
COVID IgG/IgM RAPID TEST (COVID)
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

За квалитативна проценка на короновирусното заболување 2019 (COVID-19 или 2019-nCOV) IgG/IgM во примерок од серум или плазма / полна крв.

  • Ин витро дијагностичко средство

2019-nCOV/COVID-19 IgG/IgM брзиот тест уред е брза хроматографска имуноанализа за квалитативна детекција на IgG и IgM антителата на короновирусното заболување 2019 во полна крв, серум или плазма како помагало за дијагностицирање на инфекции со COVID-19.

Пакување: 1 тест

Општи информации:

Новите коронавируси припаѓаат на β класата. COVID-19 е акутно респираторно инфективно заболување. Подложни се генерално луѓето. Во моментов, пациентите заразени од новиот коронавирус се главниот извор на инфекција; асимптоматски заразените лица исто така можат да бидат заразен извор. Врз основа на тековните епидемиолошки испитувања, периодот на инкубација е од 1 до 14 дена, најчесто од 3 до 7 дена. Главните манифестации вклучуваат треска, замор и сува кашлица. Во неколку случаи се среќаваат и назална конгестија, течење на носот, болно грло, болка во мускулите и дијареа.

Механизам на дејство:

Овој тест работи по методот на имунохроматографија. Тестот содржи: 1) colloidal gold- рекомбинантен антиген на коронавирус и gold маркери за контрола на на антитела; 2) две линии за детекција (линии на IgG и IgM) и една линија за контрола на квалитет (линија C) на нитроцелулозна мембрана. IgM линијата е имобилизирана со моноклонално антихумано IgM антитело за откривање на IgM антитело на коронавирус; IgG линијата е имобилизирана со реагенс за откривање на IgG антитело на коронавирус; и С линијата е имобилизирана со антитело за контрола на квалитетот.

Кога ќе се додаде соодветна количина на тест примерок во тест картичката, примерокот ќе се движи напред по тест картичката. Ако примерокот содржи IgM антитело, антителото ќе се поврзе со colloidal gold рекомбинантниот протеин. Имунолошкиот комплекс ќе биде заробен од анти-хуман IgM антитело имобилизиран на мембраната за да се формира виолетово-црвена IgM линија, што покажува дека IgM антителото на коронавирусот е позитивно.

Ако примерокот содржи IgG антитело, антителото ќе се поврзе со colloidal gold - рекомбинантниот протеин и имунолошкиот комплекс ќе биде заробен од реагентот имобилизиран на мембраната за да се формира виолетово-црвена IgG линија, што покажува дека IgG антителото на коронавирусот е позитивно.

Ако тест-линиите IgG и IgM не се обоени, се прикажува негативен резултат. Тест-картичката содржи и контролна линија, за контрола на квалитетот - С. Линијата за контрола на квалитетот С треба да се појави без оглед дали се појавува тест-линија. Линијата за контрола на квалитетот е лента во боја на имунолошкиот комплекс на антитела за контрола на квалитетот. Доколку не се појави линијата за контрола на квалитетот С, резултатот од тестот е неважечки и примерокот треба повторно да се тестира со друга тест картичка.

Земање на примерок и подготовка за тестирање:

  1. 2019-nCOV/COVID-19 IgG/IgM брзиот тест-уред е наменет за употреба само со примероци од полна крв, серум или плазма.

  2. За употреба на овој тест се препорачуваат само бистри, нехемолизирани примероци. Серумот или плазмата треба да се одделат што е можно поскоро за да се избегне хемолиза.

  3. Направете го тестот веднаш по земањето примерок. Не оставајте примероци на собна температура подолго време. Примероците од серум и плазма може да се чуваат на 2-8°C до 3 дена. За долгорочно складирање, примероците од серум или плазма треба да се чуваат под -20°C. Полна крв земена од вена треба да се чува на 2-8°C, ако тестот треба да се изврши во рок од 2 дена по земање на примерокот. Не ги замрзнувајте примероците од крвта. Крв земена од прст треба веднаш да се тестира.

  4. Кога се зема крв од прст со употреба на ланцета и дезинфекција со алкохол, првата капка крв треба да се фрли.

  5. Контејнерите што содржат антикоагуланси како што се ЕДТА, цитрат или хепарин треба да се користат за чување на крв.

  6. Пред тестирањето оставете ги примероците на собна температура. Замрзнатите примероци мора да бидат целосно одмрзнати и добро измешани пред тестирањето. Избегнувајте повторно замрзнување и одмрзнување на примероците.

  7. Ако примероците треба да се испраќаат, спакувајте ги во согласност со сите важечки прописи за транспорт на етиолошки агенси.

  8. Иктерични, липемични, хемолизирани, термички обработени и контаминирани серуми може да дадат погрешни резултати.

Содржина

Материјали:

  • Тест уред

  • 5 μL пластична пипета за еднократна употреба

  • Ланцети (за земање крв од прст) (опционално)

  • Контејнери за собирање примероци (не се обезбедени)

  • Микропипета (не е обезбедена)

  • Реагенс (бафер)

  • Упатство за употреба

  • Алкохолно марамче (опционално)

  • Центрифуга (само за плазма) (не е обезбедена)

  • Тајмер (не е обезбеден)

Упатство за употреба:

Пред тестирањето, оставете ги тест уредот, примерокот, реагенсот и/или контролните раствори на собна температура (15-30°C).

  1. Пред да ја отворите, оставете ја фолијата со тестот на собна температура. Извадете го уредот за тестирање од фолијата и искористете го што е можно побрзо.

  2. Ставете го уредот за тестирање на чиста и рамна површина.

  • За примероци од серум или плазма:

Со пипетата од 5 μL за еднократна употреба пренесете 1 капка серум/плазма во делот за примерок на тест уредот, а потоа додадете 1 капка реагенс и стартувајте го тајмерот.

  • За примероци со крв (од вена/ од прст):

Со пипетата од 5 μL за еднократна употреба пренесете 2 капки од крвта (околу 20µL) во делот за примерок на тест уредот, а потоа додадете 1 капка реагенс и стартувајте го тајмерот.

Забелешка: Примероците може да се земат и со помош на микропипета.

  1. Почекајте да се појави обоената линија (линии). Прочитајте ги резултатите по 10 минути. Не го толкувајте резултатот по 15 минути.

Читање на резултатот:

IgG позитивен: *Се појавува обоена линија во контролната зона (C) и се појавува обоена линија во IgG тест зоната. Резултатот е позитивен при COVID-19-IgG антителата.

IgM позитивен: *Се појавува обоена линија во контролната зона (C) и се појавува обоена линија во IgM тест зоната. Резултатот е позитивен при COVID-19-IgM антитела и е индикативен за примарна инфекција со COVID-19.

IgG и IgM позитивен: *Се појавува обоена линија во контролната зона (C) и две тест линии (IgG и IgM). Резултатот е позитивен при COVID-19-IgG и COVID-19-IgM антитела.

*ЗАБЕЛЕШКА: Интензитетот на бојата во IgG и/или IgM тест зоната може да варира во зависност од концентрацијата на COVID-19 антитела во примерокот. Затоа, секоја нијанса на бојата во IgG и/или IgM тест зоната треба да се смета за позитивна.

Негативен: Се појавува обоена линија во контролната зона (C). Ниту една линија не се појавува во IgG или IgM тест зоната.

Невалиден: Не се појавува линија во контролната зона (C).

Недоволна количина на примерок или неточни процедурални техники се најверојатните причини за ова. Прегледајте ја постапката за тестирање и повторете го тестот користејќи нов уред за тестирање. Ако проблемот продолжи, веднаш престанете да го користите комплетот за тестирање и контактирајте го вашиот локален дистрибутер.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се