REPLEK Каноил Био спреј 15% CBD, 10 мл

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
Каноил био е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп. Маслениот раствор е со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Позитивни ефекти при употреба на Каноил био се манифестираат при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
- Гадење и повраќање, посебно за време на хемотерапија кај малигните заболувања
- Нарушен баланс на цревната флора
- Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пример предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер)
Пакување: 10 мл
Содржина
При употреба на спрејот под јазик може да се почувствува специфичен вкус кој произлегува од природните составни компоненти на билката канабис.
Дозирање:
Употреба кај возрасни и деца над 14 години: еднаш до два пати на ден по едно испрскување.
Употреба кај деца до 14 години: се препорачува едно испрскување дневно.
Спрејот е наменет за сублингвална употреба (се испрскува под јазик).
Храната не влијае на употребата на Каноил био.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.
Не содржи глутен и лактоза.
Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и / или веганска исхрана.
Каноил био може да го употребуваат лица со дијабетес.