REPLEK Лаксан 10 мг, 6 супозитории

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
- Констипација, хронична или акутна, кога е потребен стимулативен лек (лаксатив)
- Празнење на цревата пред хируршки или радиолошки процедури
- Замена на клистер кај сите индикации
Пакување: 6 супозитории
Содржина
Состав: 1 супозиторија содржи 10 мг бисакодил.
Дозирање:
Краткотраен третман на констипација:
Возрасни и деца над 10 години: 1 супозиторија (10) на ден за моментално дејство.
Препорачаната дневна доза не треба да се надмине.
При третман на констипација, кога повторно ќе се воспостави редовно празнење, примената на супозиториите може да се прекине.
Деца на возраст од 10 години или помали, со хронична или упорна констипација, треба да се лекуваат само под надзор на лекар. Лаксан не треба да се употребува кај деца на возраст од 4 години или помали.
За припрема за дијагностички процедури и предоперативно:
Кај возрасни и деца над 10 години, за припрема за дијагностички процедури, во пред и постоперативна терапија и во медицински состојби за кои е потребно олеснување на дефекацијата, 1 супозиторија (10 мг) бисакодил се применува под медицински надзор, во комбинација со други орални лаксативи.
Контраиндикации: Лаксан е контраиндициран кај пациенти со илеус, интестинална опструкција, акутни абдоминални состојби, вклучително апендицитис, акутна инфламаторна болест на цревата и силна абдоминална болка поврзана со гадење и повраќање, кои може да укажуваат на гореспоменатите сериозни состојби.