REPLEK Оперил П Спреј за нос 0.25 мг/1 мл, за деца, 10 мл

Replek Operil P Sprej za nos za deca 0.25 mg-1 ml, 10 ml
REPLEK Оперил П Спреј за нос 0.25 мг/1 мл, за деца, 10 мл
243,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
004406C
favorite_border

Опис на производот

Replek Operil P 0.25 мг/1 мл Спреј за нос, раствор. Оперил П содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив.

  • За деца од 2 до 7 години  

Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку нос, се отвораат назалните и параназалните празнини (синуси) и Евстахиевата туба и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Го скратува времетраењето на обичната настинка за една третина (два дена) кај пациентите над 12 години.

  • Оперил П почнува да дејствува по неколку минути, а неговото дејство трае до 12 часа
  • Оксиметазолин, исто така, има противвоспалително и антиоксидативно дејство
  • Оперил П има антивирусно дејство врз одредени вируси кои, главно, предизвикуваат респираторни болести

Оперил П се користи за:

  • Акутна кивавица при настинка
  • Кивавица поради алергии
  • Риносинузитис
  • Воспаление на средното уво (otitis media), за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба

Пакување: 10 мл.

Содржина

Активна супстанција: оксиметазолин хидрохлорид.

Помошни супстанции: бензалкониум хлорид, натриум хидроксид, натриум дихидрогенфосфат дихидрат, динатриум фосфат дихидрат, вода за инјекции.

Еден мл Оперил П 0,25 мг/мл спреј за нос, раствор содржи 0,25 мг оксиметазолин хидрохлорид, што одговара на 0,22 мг оксиметазолин.

Едно впрскување (0,05 мл) содржи 0,0125 мг оксиметазолин хидрохлорид.

Употреба:

Деца од две до седум години: од едно до две впрскувања на Оперил П 0,25 мг/мл во секоја носница два-три пати на ден. Лекот треба да се употребува според постапката за употреба на спрејот.

Максималната дневна доза на Оперил П 0,25 мг/мл во секоја носница треба да биде две впрскувања три пати дневно. Не треба да се зголемува пропишаната доза.

За самолекување Оперил П не треба да се користи подолго од пет до седум дена. 
Ако симптомите сè уште постојат или дури се влошуваат по три дена употреба треба да се консултирате со лекар, кој може да одреди подолг третман.

Спрејот за нос е наменет само за еден пациент. Употребата на еден спреј за повеќе од еден пациент може да предизвика или да рашири инфекција.
По употреба избришете ја прскалката со чисто марамче.

Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате лекот Оперил П, ако детето е алергично (пречувствително) на оксиметазолин или на која било од другите состојки во лекот; детето има атрофично воспаление на носната слузница.

Бидете особено внимателни со Оперил П, ако детето има: хронична срцева инсуфициенција, хипертензија, срцеви аритмии, глауком со тесен агол, порфирија, дијабетес мелитус, хипертиреоидизам. Во овие случаи лекот може да се употребува само под надзор на лекар. Ве молиме да се посоветувате со лекар и тогаш кога горенаведените укажувања се однесувале на детето кога било во минатото. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако детето земало или ако неодамна земало кој било друг лек, дури и оние што не се на лекарски рецепт.

Лекот не треба да се употребува кај деца помали од две години.

Треба да се избегнува пролонгирана или прекумерна употреба на Оперил П. Ако сте заборавиле да му аплицирате на детето Оперил П не му аплицирајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Се препорачува лекот да се употребите веднаш штом ќе се сетите.

Кога оксиметазолинот ќе се апсорбира поради предозирање или несоодветна употреба, неговото дејство врз крвниот притисок може да се зголеми кај пациентите кои истовремено земаат лекови за подобрување на расположението при депресија (трициклични антидепресиви или мапротилин). Кај пациентите кои истовремено примаат МАО инхибитори за олеснување на депресијата може да се појават дури и хипертензивни кризи (висок крвен притисок (> 180/110 mm/Hg), сериозна главоболка, болка во градите, чувство на недостиг на воздух, потење). Не треба на детето истовремено со Оперил П да му давате и други лекови за кашлица и настинка без претходна консултација со лекар или фармацевт.

Лекот содржи бензалкониум хлорид и поради тоа може да предизвика кожни реакции.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 25ºС.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се