REPLEK Вентор гел 2%, 50 г

Replek Ventor Gel 50 g
REPLEK Вентор гел 2%, 50 г
309,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
015305C
favorite_border

Опис на производот

Replek Вентор® (нимесулид) припаѓа на групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ).

  • Применет локално во облик на гел, делува така што ги намалува воспалението и болката
  • Механизмот на делување на нимесулид се состои во спречување на создавањето на проинфламаторните простагландини (посредници на воспалителната реакција)
  • Вентор® гелот се употребува локално за ублажување на болка и воспаление при различни болни состојби на зглобовите и мускулите, од ревматска и трауматска природа
  • Може да се употребува при:
    • Повреди на мускулите и зглобовите (истегнувања, шинувања, болки во грбот, спортски повреди)
    • Воспаление на тетивите (на пример тениски лакт)
    • Благи облици на артритис (пример остеоартритис на колено) и други ревматски состојби
  • Вентор® гелот не смее да се применува кај деца под 12 годишна возраст

Пакување: 50 г.

Содржина

Состав

Активна супстанција: нимесулид. 

Помошни супстанции: диетилен гликол моноетил етер, пропилен гликол, метил парахидроксибензоат, пропил парахидроксибензоат, камфор, ментол, етилендиамин тетраоцетна киселина, каприлокапроил макроголглицерид, карбомер, глицерол, парафин течен, микстура од полиетилен гликол/полипропилен гликол 20 и 6 диметикон, триетаноламин, етанол 96%, пречистена вода.

Употреба: строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. 

Возрасни: тенок слој од гелот се нанесува на заболеното место два до три пати на ден, со лесно втривање. Времетраењето на третманот е 7-15 дена.

Предупредување: немојте да го употребувате Вентор®: ако сте алергични на нимесулид или било која од составните компоненти на лекот, ако сте алергични на салицилати и други лекови кои го спречуваат создавањето на простагландини, посебно ако при нивната примена сте имале потешкотии со дишењето (бронхоспазам), појава на плуски на кожата (уртикарија) или воспаление на носната лигавица (алергиски ринитис), на оштетена или соголена кожа или инфицирани делови од кожата, истовремено со други лекови за локална употреба. Бидете посебно внимателни со Вентор® ако: имате активен чир на хранопроводот, желудникот или дванаесетпалченото црево, имате крварење од органите за варење, имате тешко оштетување на функцијата на бубрезите или црниот дроб, имате тешка или неконтролирана срцева слабост, имате сериозно пореметување на коагулацијата (згрутчувањето) на крвта. Доколку симптомите продолжат или состојбата се влоши, потребно е да се советувате со Вашиот лекар. Кажете му на Вашиот лекар ако сте бремени (или мислите дека можеби сте бремени). Вентор гелот не смее да го употребувате во период на бременост. Вентор® гелот не смее да го употребувате во период на доење. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек. Вентор® гелот содржи конзерванси метил парахидроксибензоат и пропил парахидроксибензоат кои можат да предизвикаат алергиски реакции (можни одложени реакции) и пропилен гликол кој може да предизвика иритација на кожата. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Ве молиме да имате во предвид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Не постојат податоци за меѓусебно дејство на други лекови со нимесулид применет локално во облик на гел.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува во оргиналното пакување. Лекот чувајте го на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се