REVALID Серум за раст на коса, 50 мл
Опис на производот
Revalid серумот за раст содржи иновативна и патентирана состојка Redensyl.
Redensyl го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28 000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба*.
Екстрактот од Artemisia од швајцарските Алпи обезбедува антиоксидантни етерични масла кои го надополнуваат регенеративниот ефект на Redensyl. Дополнителните аминокиселини и пантенолот ја хидрираат косата и сувиот скалп, и го стимулираат обновувањето на клетките на кожата.
Без парабени, сулфати и силикон.
- Redensyl® е патентирана, активна состојка од областа на регенеративното медицинско истражување. Докажана за обновување на клетките во фоликулите одговорни за раст на косата, таа е составена од две патентирани молекули DHQG (dihydroquercetin-glucoside) и EGCG2 (epigallocatechin gallate-glucoside). DHQG се добива од екстракт од ариш и го активира делењето на матичните клетки на фоликулот на влакното. EGCG2 се наоѓа во листовите од зелен чај и го намалува воспалението на скалпот. Научно е докажано дека Redensyl го стимулира растот на косата, истовремено намалувајќи го губењето на истата
- Артемизија е растение познато по своите природни антиоксидантни својства. Традиционално се употребува од фармерите на Алпите како домашен лек против треска, кашлица, па дури и пневмонија, овде служи за заштита на кожата и обновување на балансот на скалпот
- Ajidew делува како природен навлажнувач кој ја прави косата полесна за обликување и ја намалува наелектризираноста
- Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста
Пакување: 50 мл
Содржина
Употреба:
Нанесете 3.5 мл (околу 6-8 притискања) директно на засегнатите делови на вашиот скалп секој ден. Косата може да биде влажна или сува. Нежно масирајте го серумот во скалпот. Да не се плакне. Потоа можете нормално да ја обликувате вашата коса. Не ја мијте вашата коса и не посетувајте сауна 6 часа по нанесувањето, бидејќи тоа може да го направи третманот помалку ефикасен.
50 мл овоможува третман од приближно 14 дена. Со оглед дека природниот циклус на растење на косата обично трае еден до четири месеци, препорачуваме употреба на Revalid серумот за растење секој ден најмалку 3 до 6 месеци за позначајни резултати.