RUBELLA Боја за коса – нијанса 5.5 (Dark Mahogany)
Опис на производот
Rubella Premium Fashion Bond Re-Plex Permanent Cream Hair Color Dark Mahogany 5.5 Боја за коса.
- Трајна крем боја за коса со иновативна Bond Re-Plex технологија
- Содржи комбинација од Q10, олеинска киселина и витамин Ц, кои го одложуваат стареењето на косата и поттикнуваат силна и витална коса
- Додадениот комплекс на аминокиселини, како оние што се наоѓаат во структурата на влакното, обезбедува дополнителна заштита на микро и макро врските во структурата на влакното кои се особено ранливи за време на боењето и третманот на косата
- Помага во намалување на кршењето на косата и ја враќа нејзината виталност и сила, а резултатот е сјајна и здрава коса со жива боја
Пакување: крем боја за коса 50 мл, шишенце за разредување на бојата 50 мл, балсам 30 мл, упатство за употреба и еден пар ракавици.
Содржина
Употреба: Тестот за алергија на кожата мора да се заврши 48 часа пред да го користите овој производ, дури и ако претходно сте користеле производи за бојадисување на косата. Сооднос на мешање е 1:1.
Носете соодветни ракавици. По употреба темелно исплакнете ја косата. Да се избегнува контакт со очи. Веднаш исплакнете ги очите ако производот дојде во контакт со нив.
Мерки на претпазливост: Фарбите за коса може да предизвикаат тешки алергиски реакции. Прочитајте ги и следете ги упатствата. Овој производ не е наменет за употреба кај лица под 16 години. Привремените “black henna” тетоважи може да го зголемат ризикот од алергија. Не ја фарбајте вашата коса ако имате осип на лицето или чувствителен, иритиран и оштетен скалп, ако некогаш сте почувствувале каква било реакција по бојадисување на косата, ако сте имале реакција на привремена “black henna” тетоважа во минатото.
Фарбата за коса содржи фенилендиамини, ресорцинол, хидроген пероксид, амонијак.
Да не се користи за бојадисување на трепки или веѓи.
Да се чува подалеку од дофат на деца, подалеку од сончева светлина и топлина, на темно и суво место помеѓу 5°С и 25°С.