Салата од црвена леќа со кус-кус
✅Органски сертифициран производ 😘👌
За црвената леќа не е потребно потопување во вода пред готвење, а самото време на готвење е вкупно 20-30 минути.⏳
Потребни состојки: 👇
- 250 г црвена леќа
- ½ шолја кус-кус
- 1 корен од целер
- 2 глави свеж кромид
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици оцет
- црвен пипер и сол
Начин на подготовка: 👇
- Прво леќата се чисти, се става да врие 10-15 минути, се процедува и остава на страна
- Се става да врие и подготвената количина кус кус
- Кога ќе нарасне и омекне се префрла во поголем сад
- Се додава леќата, целерот и кромидот
- Се зачинува со маслото, оцетот, црвениот пипер и солта
- Се добро се меша и готово е за послужување
Пријатно јадење😌