SANLI Капсикум фластер
Опис на производот
Перфориран фластер со црвен пипер
При локална примена, капсаицин помага во намалување на болката (го намалува нивото на Supstance P - одговорна за пренос на информацијата за болка од периферниот нервен систем до централниот нервен систем).
Димензии: 12 цм x 18 цм
Пакување: 1 фластер/пакување
Содржина
Состав: 1 фластер содржи 45 мг Capsicum Oleoresin (одговара на 3.6 мг Capsaicin)
Препораки за употреба: Капсикум фластер се користи како помош за намалување на мускулна болка во различни делови на телото, како и намалување на болка при ревматизам, ишијас и лумбаго. Ефектот настапува веднаш по примената на местото каде што е болката. Се користи за намалување на симптомите на болка во мускулите и зглобовите на вратот, рамената, долниот дел од грбот и други делови на телото.
Капсикум фластер не треба да се користи на чувствителна кожа.
Предупредување и мерки на претпазливост: Не смеете да го загревате фластерот. Капсикум фластер не смее да се применува на отворени рани и иритирана кожа.
Начин на употреба и дозирање: Нанесувајте го фластерот на чиста и сува кожа. Отстранете го белиот пластичен слој од фластерот.
Ставете го фластерот на болното место и лесно притиснете за да се залепи. Оставете го да стои се додека чувствувате топлина, но не повеќе од 2 дена.