SATTWA Балсам против целулит, 500 мл

SATTWA Балсам против целулит, 500 мл
461,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
023000C
favorite_border

Опис на производот

Висококвалитетна формулација која во себе содржи активни материи насочени директно кон отстранување на причините за појава на целулит: намалена циркулација и намален одлив на течности и маснотии.

Во производот се вградени следниве активни материи:

  • Екстракт од бршлен - во својот состав содржи сапонини и биофлавоноиди. Сапонините ја зголемуваат пропустливоста на клеточните ѕидови, а биофлавоноидите пак, ја подобруваат крвната циркулација и еластичноста на масното ткиво. На овој начин се зголемува приливот на хранливи материи и на кислород и одливот на непотребните, и сталожени маснотии и течности
  • Кофеин - во себе содржи пурински бази кои го зголемуваат исфрлањето маснотии и вода од организмот, а истовремено дејствуваат и на разградувањето на нерастворливиот тип маснотии во клетките
  • Етил никотинат - ја подобрува циркулацијата со што се постигнува зголемување на дотурот на хранливи материи и на кислород во масното ткиво

Со редовна и правилна употреба помага во спречување на појава на нови наслаги на критичните делови од телото а истовремено и во намалувањето на веќе настанатите наслаги од целулит.

Пакување: 500 мл

Содржина

Начин на употреба на Sattwa балсамот: балсамот се нанесува обично навечер, по туширање, со благо втривање во кожата. Sattwa балсамот против целулит дејствува и кога телото мирува. Амбалажата е специјално приспособена на типот на препаратот и овозможува лесно дозирање.

Едно е факт: целулитот не може да се отстрани само со регулирана исхрана и вежби, туку неопходна е и употреба на квалитетен козметички производ.

Sattwa балсамот против целулит во себе ги содржи сите карактеристики на висококвалитетен препарат кој дејствува директно и ефикасно при отстранување на целулитот. Потврда за неговото дејствување е и благата топлина, печењето и црвенилото кои се јавуваат на кожата по втривањето на балсамот. Овие појави се нормални, а резултат се на интензивното дејствување на активните материи кои влегуваат во составот на овој производ.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се