SCHÜLKE Октенисепт 0.1% +2% раствор 50 мл

SCHÜLKE Октенисепт 0.1% +2% раствор 50 мл
317,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
013819C
favorite_border

Опис на производот

Octenisept е современ антисептик кој до сега најдобро ги исполнува барањата за идеален антисептик. Претставува уникатна комбинација на октенидин и феноксиетанол со сеопфатно, брзо и сигурно антимикробно делување и одличен безбедносен профил.

  • Одличен безбедносен профил. Продолжено дејство од 24 часа. Не се ресорбира и нема системски несакани ефекти. Не постои опасност од развој на резистенција. Не формира цитотоксични комплекси на местото на делување. Ја помага гранулацијата. Не предизвикува несакани ефекти врз микроциркулацијата. Многу добра подносливост со кожа, мукозни мембрани и ткива. Оптимално влажнење на мукозната мембрана. Не ја губи ефективноста во присуство на крв и слуз. Може да се користи во сите фази на заздравување на раните. Го подобрува процесот на природно заздравување на раните.
  • Погоден за сите пациенти независно од возраста и имунолошкиот статус - погоден за прематурни бебиња, новороденчиња и деца. Погоден за трудници (после 3 месец) и доилки.

Пакување: 50 мл

Octenisept® се употребува за антисептичен третман на кожа, слузокожа, рани, изгореници и профилакса од инфекции:

  • Антисептичен третман на акутни и трауматски рани: гребаници, исекотини, рани од каснување од домашни и диви животни, каснувања од инсекти (пчели, стршлени, оси), кожен апцес и фоликулитис, херпес, отворени фрактури, повреди на меки ткива, флегмона, еризипел итн.
  • Антисептичен третман на изгореници од сите степени
  • Антисептичен третман на хронични рани (декубитус, дијабетично стопало,варикозни улкуси - ulcus cruris, итн.)
  • Антисептичен третман на хируршки рани (рана со конци, епизиотомија, итн.)
  • Антисептичен третман на папочна врвка кај новороденче, воспаленија на кожата предизвикани од пелени
  • Антисептичен третман на воспалителни промени на слузокожата во усната празнина (афти), воспаленија од протези, пред и после екстракција на заби, киретажа, апикотомија, чистење и лечење на корен на забо, итн.
  • Антисептичен третман на воспалени хемороиди, анална фисура, аноректална фистула
  • Адјувантна терапија на габично заболување на кожата на рацете и кожата помеѓу прстите на нозете (атлетско стопало, итн)
  • Антимикробно премивање на целото телото на MRSA колонизирани пациенти
  • Антисептичен третман на вагинални инфекции и воспалителни промени на пенисот
  • Антисептичен третман на кожата и слузокожата пред-, интра- и пост оперативни хируршки интервенции
  • Антисептичен третман после депилација, тетовирање, пирсинг итн.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се