МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Што претставува хроничната венска болест и како да ја препознаеме?

Хроничната венска болест (ХВБ) е едно од најчестите заболувања на современиот човек и ги зафаќа вените на нозете, чија основна функција е да ја враќаат крвта назад кон срцето.  Нормалните вени имаат залистоци кои го насочуваат правилниот проток на крв, а мускулите на потколениците помагаат во нејзиното движење. Кога залистоците не функционираат правилно, мускулите се ослабени или постои венска тромбоза, крвта се задржува во нозете и се зголемува венскиот притисок. Тоа може да доведе до проширени вени, промени на кожата и појава на рани.

СИМПТОМИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАНЕМАРАТ

Најчестите симптоми се чувство на тешки, уморни и болни нозе, пецкање, грчеви, отоци во потколениците и глуждовите- особено на крајот од денот или по долго стоење и седење. Кај многу луѓе се појавуваат и проширени вени. Со тек на времето може да дојде до промени на кожата, чешање, потемнување, воспаленија, па дури и појава на рани кои тешко зараснуваат.

Во светот, дури 8 од 10 возрасни лица имаат некаков облик на хронична венска болест. Генетиката има значајна улога во развојот на болеста, па доколку двајцата родители имаат проширени вени, ризикот за  појава на проширени вени кај нивните деца е многу висок. Дополнително, современиот начин на живот, долгото седење или стоење, прекумерната телесна тежина, пушењето, бременоста и намалената физичка активност значително го зголемуваат ризикот за појава и прогресија на болеста. Раното препознавање на симптомите и навременото лекување се многу важни за спречување на компликации и подобрување на квалитетот на животот.

Krka Flebaven

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ?

Дијагнозата се поставува со лекарски преглед и разговор за симптомите, а по потреба се прави и доплер ултрасонографија на вените за проценка на протокот на крв, функцијата на венските залистоци и евентуално присуство на венска тромбоза.

Промената на животниот стил претставува важен дел од третманот. Редовната физичка активност, особено пешачењето, одржувањето нормална телесна тежина и избегнувањето на продолжено седење или стоење помагаат во подобрување на циркулацијата и намалување на симптомите. Подигнувањето на нозете над нивото на срцето неколку пати дневно може да помогне во намалување на отокот и подобрување на венскиот проток.

Компресивната терапија, со компресивни чорапи или завои помага крвта полесно да се враќа кон срцето, го намалува отокот и спречува понатамошни оштетувања на кожата.

Современиот третман вклучува веноактивни лекови, како микронизираниот диосмин. Овие лекови делуваат на подобрување на тонусот и еластичноста на венскиот ѕид, ја намалуваат венската стаза и воспалението, ја подобруваат лимфната дренажа и придонесуваат за намалување на болката, тежината, заморот и отоците во нозете, и најважно ја забавуваат  прогресијата на болеста.

АПЛИКАЦИЈА ФЛЕБИ

Денес, пациентите имаат пристап и до современи дигитални алатки како апликацијата ФЛЕБИ, базирана на научни докази и креирана од лекари специјалисти, која овозможува проценка на состојбата на вените и добивање персонализирани совети за поздрави вени и полесни нозе.

Д-р Христина Брешковска, специајлист дерматолог