SINOMARIN Природен назален деконгестив за возрасни, 125 мл + 50 мл гратис

Sinomarn Adults Nose Care Natural Nasal Decongestant Hypertonic Sea Water Solution 125ml+50 ml nazalen sprej za vozrasni
SINOMARIN Природен назален деконгестив за возрасни, 125 мл + 50 мл гратис
432,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
055654C
favorite_border

Опис на производот

Sinomarin Adults - Медицинско помагало, 100% природен, клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на носот).

  • Идеален за деца над 6 години и возрасни.

Sinomarin® е хипертоничен раствор од морска вода (2,3% NaCl), богат со корисни состојки од морето (минерали и елементи во трагови). Sinomarin® ja ослободува назалната конгестија и синусниот притисок по природен пат на осмоза. Исто така Sinomarin® Ги чисти назалните празнини, елиминирајки ги акумулираниот мукус, крусти, прашина, нечистотии, аерозагадувачи, алергени и инфективни агенси. Дополнително помага во навлажнување на назалната мукоза. Морската вода кој се употребува во Sinomarin® е собрана од Cancale Bay брегот на Brittany Франција.

Sinomarin® не содржи лекови, конзерванси и хемиски додатоци. Sinomarin® може да се употребува сам, како природна алтернатива на медикаментозните деконгестиви (локални кортикостероиди, антихистаминици, вазоконстриктори), или во комбинација со нив за да ја зголеми нивната ефикасност. Така што помага да се намали времето на употреба на медикаметозните третмани, и може да доведе до намалување на вкупниот внес на лекови.

Својства:

  • Ја ослободува назалната конгестија, така што го намалува едемот од носната празнина (по пат на осмоза)
  • Ја разводнува мукозната секреција, правејки полесно да се исфрли
  • Помага во обновување на природната функција на назалната мукоза
  • Ги чисти носните празнини од акумулираниот мукус, крусти, прашина, честички, алергени и инфективни агенси
  • Ја навлажнува назалната мукоза и го ублажува назалното сушење.

Sinomarin® го подобрува квалитетот на живот, ублажувајќи ги симптомите поврзани со назална конгестија (пр. чешање на носот, кивање, настинка, синусен и ушен притисок, вознемирувања при спиењето).

  • Погоден за време на бременост и доење

Sinomarin® се препорачува за:

  • Сите случаи на назална и синусна конгестија пр. ринитис (инфективен или алергиски), синузитис: од настинка и грип
  • Во случаеви каде медикаментозните деконгестиви се контраиндицирани (пр. бременост, доење, тироидни нарушувања, висок крвен притисок, срцеви проблеми, диабетес)
  • Да ја подобри ефикасноста на медикаментозните деконгестиви и да ја намали нивната употреба
  • За профилакса на назални и секундарни ОРЛ инфекции и компликации пр. отитис
  • Да го подобри опоравувањето после едноназална операција
  • За секојдневна хигиена (пр. во загадена средина)
  • За хидратација во суви околини

Пакување: нормална спреј пумпица + 125 мл назален спреј во шише + 50 мл гратис

 

Содржина

Состав: морска вода 70%, пурифирана вода 30%, еквивалентно на 23 г/л NaCI (2,3%), без конзерванси, без лекови, без хемиски адитиви.

100% природен. 

Начин на употреба:

  • 1-3 прскања во секоја ноздра, 2-3 пати дневно

Мерки на претпазливост: Само за назална употреба. Назалниот апликатор да не го употребува повеќе од едно лице. Да не се употребува по истекот на рокот за употреба. Да се чува вон дофат на деца. Погоден за време на бременост и доење.

Совет: Може да почуствувате лесна и привремена иритација на почетокот на употреба.

Услови на чување: Да се чува на темперстура под 25°С. Шише под притисок. Да се заштити од светлина и извори на топлина. Да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да не го полните или удирате шишето дури и кога е празно.

Други информации: Инертен гас (азот), кој не е во контакт со растворот. Растворот се наоѓа во одделен контејнер.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се