МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Солен безглутенски ролат

Прекрасен додаток на трпезата за вашето семејство или блиските пријатели.

За тестото:

 

Salt gluten-free roll, solen rolat bez gluten

 

За филот:

  • 200 грама сирење
  • ½ чаша павлака

Подготовка:

Се разделуваат жолчките од белките. Белките добро ги матите како снег со малку сол. Жолчките исто така ги матите со шеќерот и остатокот од солта, до добивање на пена и осветлување. Во нив се додаваат 4те лажици безглутенско брашно и пецивото. Измешајте ги состојките рачно без миксер. По желба може да додадете и пченкарно брашно но не многу за да не дојде тестото суво.

Обарениот спанаќ го додавате во истата смеса. Потоа внимателно мешате и почнувате да додавате од белките лажица по лажица. Во овој процес мора да бидете трпеливи за белките да не паднат на дното од садот.

Целата смеса ја ставате на плех со хартија за печење и малку брашно. Печете на температура од 200 степени. Кога кората ќе се зарумени намалувате на 180 степени. Во зависност од рерната печете 15-20 минути. Не заборавајте дека безглутенските брашна се печат побрзо од глутенските.

Додека тестото се пече подгответе го филот. Можете да бидете креативни. Го мешате сирењето со павлаката и можете да го додадете вашиот омилен зачин или состојка, како на пример печурки, маслинки, исцедени кисели крставички и слично. Филот го оставате на ладно.

Испечениот ролат го вадите и оставате да се олади доволно за да може да се отстрани хартијата и да се обликува. Го премачкувате со филот и го ролате. Откако ќе ја добиете формата на ролат може да го поросите со сиренце. Уживајте!