SOLGAR Фолна киселина (метафолин) 400 мкг, 50 таблети

SOLGAR Фолна киселина (метафолин) 400 мкг, 50 таблети
815,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048508C
favorite_border

Опис на производот

Фолната киселина е витамин растворлив во вода, уште позната и како витамин Б9.

Човечкото тело не може самостојно да синтетизира фолна киселина, затоа е неопходно да се земе во форма на додатоци. Дополнителното внесување на фолна киселина е од особено значење кај бремени жени и жени кои планираат бременост, поради правилниот развој на фетусот. Едно од најважните откритија на медицината од 20 век е сознанието дека со додаток на фолна киселина, процентот на оштетување на нервниот систем кај новороденчињата се намалува за 50 - 80%.

Оштетувањето предизвикано од недостаток на фолна киселина се појавува во текот на првите неколку недели од бременоста, па затоа е потребно додавање на пред-концепција. Фолната киселина игра важна улога во одржувањето на здравјето на срцето,  потребнa e за бројни метаболички процеси, особено во "брзорастечките" ткива на фетусот, за обновување и формирање на еритроцити и имунолошки клетки, синтеза и поделба на ДНК. Заштитува од паразити и помага при труење со храна. Eфикаснo влијае при раздразливост, замор, несоница, депресија, деконцентрација, болести на крвните садови, Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест, остеопороза и гингивит.

Симптоми при недостаток на фолна киселина се: анемија, афти, слаба циркулација, седа коса, проблеми со растот, замор, депресија.

Дефицитот е чест кај луѓето чиј начин на живот и исхрана не ги задоволуваат потребите на организмот за фолна киселина. Пациенти кои се сметаат за „изложени на ризик“ се: алкохоличари, лица со кардиоваскуларни нарушувања, лица со заболувања на црн дроб и бубрези, бремени жени, жени кои користат орални контрацептиви, стари лица и сите со мала апсорпција на фолна киселина.

Пакување: 50 таблети

Состав:

Секоја таблета содржи:                                                                                 

    %ПДВ*
Фолат (како калциум Л-метилфолат како Metafolin®) 400 мкг 200
Средство за зголемување на волуменот - манитол, микрокристална целулоза    
Средство против стврднување - растителна стеаринска киселина, силикон диоксид, растителен магнезиум стеарат    
Вкрстено поврзана целулозна гума    

*препорачано дневно внесување

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, вештачки ароми или бои.

Погодно за вегани.

Употреба: како додаток на исхрана за возрасни, земете по една (1) таблета дневно, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот.

Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура.

Solgar® е регистрирана трговска марка.
Metafolin® е регистрирана трговска марка на Merck KgaA, Darmstadt, Германија.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се