SOLGAR Формула ВМ-2000, 30 таблети

SOLGAR FORMULA VM-2000
SOLGAR Формула ВМ-2000, 30 таблети
915,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
048665C
favorite_border

Опис на производот

FORMULA VM-2000 на Solgar претставува производ богат со антиоксиданси, балансирана формула на мултивитамини и минерали со висока потентност.

FORMULA VM-2000 е производ наменет за подобрување на благосостојбата и виталноста на телото, помош при справување со стресот, намалување на оксидативниот стрес на клетките и зајакнување на имунитетот и способноста на организмот во борбата против слободните радикали, зголемена апсорпција на микронутриенти и обезбедување на енергија во организмот.

Производот содржи 10 мг железо во форма на бисглицинат. Вообичаено некои производи со железо предизвикуваат гастроинтестинална иритација и ефекти на констипација. За разлика од нив FORMULA VM-2000 содржи уникатна форма на железо бисглицинат специјално формулирана со цел зголемена апсорпција и со тоа полесно прифатливост од организмот.

Секоја поедниечна состојка во состав на производот FORMULA VM-2000 има значаен придонес во организмот:

  • Железото придонесува за нормална когнитивна функција и нормален транспорт на кислород во телото.
  • Железото и витамините Б2, Б9 и Б12 придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
  • Витамин Ц е есенцијален за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
  • Витамините Ц, Е и бета каротен, придонесуваат во борбата против слободните радикали.
  • Фолната киселина придонесува за нормална функција на црвените крвни клетки.
  • Бакарот и цинкот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Пакување: 30 таблети

 

Содржина

Состав:

Две (2) таблети содржат:  

    %ПДВ*
Тиамин (витамин Б1, како тиамин мононитрат)     100 мг 9091
Рибофлавин (витамин Б2) 100 мг 7143
Ниацин (витамин Б3, како никотинамид) 100 мг 625
Пантонтенска киселина (витамин Б5, како Д-пантотенат, калциум) 100 мг 1667
Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид)  10 мг 714
Витамин Б12 (како цијанокобаламин)   100 мг 4000
Фолна киселина (како птероилмоноглутаминска киселина)  400 мкг 200
Витамин Ц (како калциум аскорбат)   300 мг 375
Витамин Д2 (400 ИЕ, како ергокалциферол)     10 мкг 200
Витамин Е (200 ИЕ, како Д-алфа токоферил ацид сукцинат)     134 мг 1117
Калциум (како аскорбат, бисглицинат, карбонат)  64 мг 8
Магнезиум (како оксид, цитрат, бисглицинат) 64 мг 17
Железо (како бисглицинат)  10 мг 71
Цинк (како оксид, бисглицинат)   15 мг 150
Манган (како глуконат, бисглицинат) 2 мг 100
Бор (како борна киселина) 1 мг  
Бакар (како глуконат, бисглицинат)  1500 мкг 150
Јод (како калиум јодид)  150 мкг 100
Селен (како Л-селенометионин)    25 мкг 45
Хром (како пиколинат, не содржи квасец)  25 мкг 63
Холин (како битартарат)  41 мг  
Бетаин хидрохлорид 25 мг  
Соја лецитин  20 мг  
Л-орнитин хидрохлорид 6 мг  
Д-биотин     100 мкг 200
Иноситол 100 мг  
Каротеноидна мешавина 14 мкг  
Природен извор на бета-каротен  5 мг  
Таурин   5 мг  
Л-глутатион 5 мг  
Изолиран протеин од соја, прашок 200 мг  
Целулозна гума    
Средства против стврднување-растителна стеаринска киселина, силикон диоксид, растителен магнезиум стеарат    
Средства за зголемување на волуменот-микрокристална целулоза, алгинат, скроб од грашок, хидроксипропилметил целулоза, дикалциум фосфат, манитол, лимонска киселина     
Средства за глазирање-хидроксипропилметил целулоза, растителен глицерин (од масло од семка на палма и кокосово масло)    
Боја-рибофлавин     

*препорачано дневно внесување, заштитена трговска марка на Albion International, Inc.

Производот не содржи: додадени шеќери и не содржи сол, не содржи глутен, пченица, млечни производи, квасец, конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.

Погодно за вегани.

Употреба: За возрасни земете по две (2) таблети дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Ако сте употребиле повеќе од препорачаното

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното.

Предупредување: случајнo предозирање со производи што содржат железо е водечка причина за смртоносно труење кај деца под 6 години. ДА СЕ ЧУВА НА МЕСТА НЕДОСТАПНИ ЗА ДЕЦА. Во случај на случајно предозирање, веднаш јавете се кај Вашиот лекар.

Ако сте заборавиле да го употребите FORMULA VM-2000

Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање.

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

  1. Можни несакани дејства

Како и сите други медицински производи и FORMULA VM-2000 може да има несакани дејства, кои не се појавуваат кај сите пациенти

Ако дојде до појава на било какви несакани дејства, престанете со употреба на производот и консултирајте се со Вашиот лекар.

Долготрајната употреба на витамин Б6 во количина од 10 mg на ден, може да предизвика чувство на трнење и зашеметеност.

 

Мислења на потрошувачи

kitanovska.viki
5
Најдобар производ!!!
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се