SOLGAR Кверцетин плус Естер Ц 50 капсули

SOLGAR Кверцетин плус Естер Ц 50 капсули
1.099,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049993C
SOLGAR QUERCETIN COMPLEX WITH ESTER C PLUS veg.caps x 50 (SOLG)
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

QUERCETIN COMPLEX WITH ESTER C PLUS е ексклузивна формулација од SOLGAR. Кверцетинот е не-цитрусен биофлавоноид кој дејствува во синергија со витаминот Ц. Биофлавоноидите се природно присутни во овошјето, зеленчукот и растенијата. Тие помагаат да се максимизираат придобивките од витаминот Ц бидејќи спречуваат распаѓање на овој витамин што го поддржува имунитетот во организмот. Кверцетинот има антихистамински ефект. Преку студии е покажано дека ги намалува респираторните несакани ефекти од алергии. Кверцетинот е познат по своите антиоксидативни дејства и антиалергиски својства кои се карактеризираат со стимулација на имунитетот, антивирусна активност, инхибиција на ослободување на хистамин.

Овој комплекс е единствена формула која користи премиум патентирана, некисела форма на витамин Ц - Естер Ц познат како подобриот витамин Ц. Високо апсорбливата форма на Естер Ц е исто така нежна за стомакот во споредба со традиционалните форми на витамин Ц, што е помалку веројатно да го иритира и да го направи овој производ добар избор за секого. Естер Ц се задржува во клетките подолго од обичниот витамин Ц , давајќи супериорна имунолошка поддршка. Витаминот Ц е витамин растворлив во вода кој помага во борбата против слободните радикали. Има повеќе придобивки кои го поддржуваат оптималното здравје, почнувајќи од промовирање здрава кожа, намалување на замор и исцрпеност, како и поддршка на здрави коски и заби. Покрај тоа, комплексот содржи и бромелин и природни биофлавоноиди. Бромелинот е дигестивен ензим кој природно се наоѓа во ананасот. Ефикасен е во лекување на респираторен дистрес и воспаление поврзано со алергии. Бромелинот е популарен природен лек за оток или воспаление, особено на синусите и после повреда или операција.

Единствена комбинација која во дневна доза од две растителни капсули придонесува за:

  • Нормална функција на имунолошкиот систем
  • Помага при сезонски алергии за олеснување на симптоми како алергиски ринитис
  • Нормално формирање на колаген за нормална функција на кожата, коските, забите и 'рскавицата
  • Заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Нормално функционирање на нервниот систем
  • Намалување на замор и исцрпеност
  • Зголемена апсорпција на железо

Пакување: 50 капсули

Содржина

Состојки:

Две (2) растителни капсули содржат:

    %ПДВ*
Кверцетин 500 мг  
Витамин Ц (како Ester-C®, калциум Л-аскорбат) 500 мг 625
Цитрус Биофлавоноиди Комплекс 50 мг  
Шипинка прашок 50 мг  
Ацерола екстракт во прашок (4:1) 50 мг  
Бромелаин (100 GDU) 50 мг  
Рутин прашок 10 мг  

Обвивка на растителната капсула: хидроксипропилметил целулоза;Средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат,силикон диоксид, растителна стеаринска киселина; Средство за зголемување на волуменот: малтодекстрин, микрокристална целулоза

*препорачано дневно внесување

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои, додадени шеќери, сол и скроб.

Погодно за вегани.

Употреба: како додаток на исхрана за возрасни, земете по две (2) растителни капсули на ден, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот.

Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура. Да не се користи ако заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се