SOLGAR Л-глутатион 50 мг, 30 капсули
Опис на производот
L- Glutathione Reduced - е пептид што содржи сулфур, составен од три аминокиселини: глутаминска киселина, цистеин и глицин. Тоа е важен антиоксиданс растворлив во вода кој игра улога во заштитата на организмот од слободните радикали. Слободните радикали можат да предизвикаат оксидативен стрес, што може да доведе до предвремено стареење на клетките. Дејствува во процесот за транспорт на аминокиселини.
- Го намалува оксидативниот стрес
- Го намалува клеточното оштетување кај алкохолни и не-алкохолни масни заболувања на црниот дроб
- Ја зголемува подвижноста кај лица со периферна артериска болест
- Влијае на намалување на симптомите на Паркинсова болест
Пакување: 30 растителни капсули
Прочитај повеќе
Состав:
Секоја растителна капсула содржи:
- Л-глутатион (редуциран) 50 мг
- Средство за зголемување на волуменот - микрокристална целулоза
- Обвивка на растителната капсулата - хидроксипропилметил целулоза
- Средство против стврднување - растителен магнезиум стеарат
Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои.
Погодно за вегани.
Употреба: како додаток на исхрана за возрасни, земете по една (1) растителна капсула на ден, со сок или вода, помеѓу оброците или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот.
Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.
Да се чува на места недостапни за деца.
Да се чува на собна температура