SOLGAR Рибино масло 1000 мг, 60 меки капсули

SOLGAR FISH OIL CONCENTRATE 1000 mg softgel cpsules epa dha omega ribino maslo
SOLGAR Рибино масло 1000 мг, 60 меки капсули
1.223,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
049258C
favorite_border

Опис на производот

Оваа формулација на Солгар обезбедува природен, концентриран извор на есенцијални омега 3 масни киселини EPA и DHA добиени од риби кои живеат во длабоко студено море. Рибиното масло во оваа формулација се тестира за оптимална чистота. Се подложува на молекуларна дестилација за отстранување на живатa и други тешки метали и онечистувања.

Молекуларната дестилација е "ладен" процес на прочистување на омега-3 масни киселини што целосно ги отстранува сите потенцијално присутни нечистотии (на пр. тешки метали). Резултатот е производ кој содржи висока концентрација на омега-3 масни киселини со највисоко фармацевтско ниво на чистота.

Добрите масти или познати како омега-3 масни киселини се есенцијални масни киселини. Тие се неопходни бидејќи телото не е во можност да ги создаде самостојно. Овие масни киселини најчесто се наоѓаат во рибите, како што се сардини, скуша и лосос.

Додадениот витамин Е во оваа формула, поради неговото антиоксидативно дејство, го штити рибиното масло од оксидација.

Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, спречуваат агрегација на тромбоцити, имаат антиинфламаторно и вазодилататорно дејство и имаат корисен ефект врз намалување на крвниот притисок и маснотиите. Докажано е дека земањето омега-3 масни киселини во бременоста позитивно влијае на растот и развојот на детето, а во првите 3 месеци од бременоста врз развојот на мозочните структури на фетусот.

Тие исто така имаат позитивен ефект врз разни воспалителни состојби како што се ревматоиден артритис, егзема на кожата, невродерматитис, па дури и улцеративен колитис и Кронова болест. Општо земено, тие имаат позитивен ефект врз функцијата на имунитетот, гастроинтестиналениот и нервен систем.

  • DHA и EPA придонесуваат за нормално ниво на триглицеридите,подобрена функција на мозокот и на срцето.
  • DHA придонесува за одржување на нормалниот вид.

Пакување: 60 меки капсули

Состав: секоја мека капсула содржи:

Рибино масло концентрат  1000 мг

кој обезбедува:

Еикосапентаеноична киселина (ЕПА)† 160 мг
Докосахексаеноична киселина (ДХА)† 100 мг

Обвивка на меката капсула: желатин (од говетско потекло), растителен глицерин (од масло од семе на плама и кокосово масло), антиоксиданс: природни мешани токофероли (витамин Е), Омега 3 полинезаситени масни киселини како природни триглицериди.

Употреба: како додаток на исхрана за возрасни, земете по една (1) мека капсула  на ден, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот.

Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура. Да не се користи ако заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои, додадени шеќери, сол и скроб.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се