SOLGAR Витамин Б6 50 мг, 100 таблети
Опис на производот
Solgar Витамин Б6 50 мг е граничен производ.
- Погодно за вегани
Витаминот Б6 (пиридоксин) игра значајна улога во повеќе биолошки функции на организмот пред се во:
-
Метаболизам - витамин Б6 како коензим учествува во разложување и искористување на јаглехидратите, мастите и протеините. Го олеснува ослободувањето на енергијата од гликогенот во црниот дроб и мускулите
-
Психолошката функција - витамин Б6 има посебно значање во искористување на енергијата во мозокот и нервното ткиво и е есенцијален во регулирање на функцијата на централниот нервен систем
-
Имунолошката функција - витамин Б6 придонесува во борбата против слободните радикали
-
Женско здравје - витамин Б6 придонесува за хормонален баланс и нормално создавање на црвените крвни клетки
-
Енергија – витамин Б6 одржува нормално ниво на енергија во организмот и со тоа ги намалува заморот и исцрпеноста
Пакување: 100 таблети.
Содржина
Состав:
| Состојки | Една (1) таблета | %ПДВ* |
| Витамин Б6 (како пиридоксин хидрохлорид) | 50 мг** | 3571 |
*ПДВ-препорачано дневно внесување
**долготрајна употреба на оваа количина на витамин Б6 може да предизвика чувство на трнење и зашеметеност
Состојки: средство за зголемување на волуменот: дикалциум фосфат, микрокристална целулоза, хидроксипропилметил целулоза, средство против стврднување: растителна стеаринска киселина, растителен магнезиум стеарат, целулозна гума.
Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои.
Производот не содржи додадени шеќери, сол и скроб.
Употреба: за возрасни, земете по една (1) таблета на ден, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Производот е наменет за возрасни. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Таблетите се земаат со оброк. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура.