SOLGAR Витамин Д3 2200 ИЕ, 50 капсули

SOLGAR VITAMIN D3 (cholecalciferol) 55mcg 2200 iu holekalciferol
SOLGAR Витамин Д3 2200 ИЕ, 50 капсули
899,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048663C
favorite_border

Опис на производот

Витамин Д3 2200 ИЕ е производ наменет за одржување на здравјето на коските и забите и поддршка на имунолошкиот систем на организмот. Една растителна капсула содржи 55 мкг витамин Д3 односно 2200 ИЕ во форма на холекалциферол.

Витаминот Д придонесува за:

  • Нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот и со тоа придонесува во одржување на здравјето на коските и забите
  • Одржување на нормално ниво на калциум во крвта
  • Нормална функција на имунолошкиот систем
  • Нормална мускулна функција
  • Нормална функција на нервниот систем
  • Нормална функција на штитната жлезда

Пакување: 50 растителни капсули

Содржина

Состав:

Секоја растителна капсула содржи:                                                        

    %ПДВ*
Витамин Д3 (2200 ИЕ како холекалциферол) 55 мкг   1100
Средство за зголемување на волуменот - микрокристална целулоза, малтодекстрин, етил целулоза    
Растителна капсула, обвивка - хидроксипропилметил целулоза    
Средство против стврднување - растителен магнезиум стеарат    

Производот не содржи: додадени шеќери, не содржи сол и скроб, не содржи глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, вештачки ароми или бои.

Погодно за вегетаријанци.

Употреба: За возрасни, земете по една (1) растителна капсула на ден, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се