SOLGAR Витамин Д3, 4000 ИЕ, 60 капсули
Опис на производот
Solgar Витамин Д3, 4000 ИЕ е граничен производ.
- Овој граничен производ, формула со 4000 ИЕ на витамин Д3 - форма на витамин Д, со највисока потенција, која нашиот организам најлесно може да ја искористи, наменета е за поддршка на општата благосостојба преку бројни документирани придобивки, пред се за имуношолкиот систем на организмот
- Со витаминот Д нашиот организам се снабдува преку исхраната и преку сончевата светлина (затоа е наречен “сончев витамин” )
- Денешниот современ животен стил кај многу луѓе доведува до многу ниски нивоа на витамин Д. Затоа е потребна негово надополнување, посебно во периодот на зимските месеци
- Погодно за вегетаријанци
Витаминот Д придонесува за:
-
Нормална функција на имунолошкиот систем
-
Нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот
-
Одржување на здравјето на коските и забите
-
Одржување на нормално ниво на калциум во крвта
-
Нормална мускулна функција
-
Нормална функција на нервниот систем
-
Нормална функција на штитната жлезда
Пакување: 60 капсули.
Содржина
Состав:
| Состојки | една (1) капсула | %ПДВ* |
| Витамин Д3 (4000 IU, како холекалциферол) | 100 мкг | 2000 |
*ПДВ-препорачано дневно внесување
Состојки: средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, малтодекстрин, етил целулоза; обвивка на растителната капсула: хидроксипропилметил целулоза; средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат.
Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, вештачки ароми или бои, додадени шеќери, сол и скроб.
Употреба: за возрасни земете по една (1) растителна капсула дневно, по можност со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Мерки на претпазливост: да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Производот е наменет за возрасни. Капсулите се земаат со оброк. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Ако дојде до појава на било какви несакани дејства, престанете со употреба на производот и консултирајте се со Вашиот лекар. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура. Да не се користи ако заштитната фолија под капачето е оштетена или недостасува.