SOLGAR Витамини за кожа, коса и нокти, 60 таблети
Опис на производот
Состојбата и изгледот на косата, кожата и ноктите е огледало на општото здравје на организмот, затоа најефективни производи за убавина се оние кои делуваат однатре. Формулата за кожа, коса и нокти на Солгар содржи комбинација од некои од најдобрите истражувани, природни и метаболички многу употребливи форми на хранливи материи, специјално дизајнирани за кожа, нокти и коса.
- МСМ е богат извор на сулфур кој помага да се стимулира растот и сјајот на косата и ноктите, заздравувањето на раните и целокупното здравје на клетките на кожата
- Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс за кожата, ноктите и косата и најефикасна одбрана од оштетување предизвикано од слободните радикали. Помага при производство и градење на колаген, со што се зголемува и обновува еластичноста на кожата
- Силициумот помага при кршливи нокти и генерално го подобрува интегритетот на кожата
- Пролинот и лизин се аминокиселини кои во комбинација со витамин Ц се неопходни хранливи состојки за формирање на колаген што и помага на кожата да изгледа еластична
- Бакарот помага во производството на пигментот меланин, кој ја штити кожата од сонцето, а исто така е важен за градење на силни и флексибилни колагенски влакна. Спречува предвремено појавување на седа коса
- Цинкот е моќен антиоксидантен минерал со бројни корисни ефекти врз здравјето на кожата, ноктите и косата. Промовира регенерација на кожата, заздравување на раните и отстранување на акните
Пакување: 60 таблети
Содржина
Состав:
Две (2) таблети содржат:
%ПДВ* | ||
МСМ (како метилсулфонил метан) | 1000 мг | |
Витамин Ц (Л-Аскорбинска киселина) | 120 мг | 150 |
Цинк (како цитрат) | 15 мг | 150 |
Бакар (како бисглицинат) | 2000 мкг | 200 |
Црвена алга (L.calcareum) прашок | 150 мг | |
Л-лизин (како Л-лизин ХЦЛ) | 50 мг | |
Л-пролин | 50 мг | |
Вкрстено поврзана целулозна гума | ||
Средство за зголемување на волуменот - микрокристална целулоза | ||
Средство против стврднување - силикон диоксид, растителна стеаринска киселина, растителен магнезиум стеарат | ||
Средство за глазирање - хидроксипропилметил целулоза, растителен глицерин (од масло од семка на палма и кокосово масло) |
Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои, не содржи додадени шеќери, не содржи сол.
Погодно за вегани.
Употреба: Земете по две (2) таблети дневно, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.