SOLGAR Железо 20 мг, 90 капсули

SOLGAR gentle iron 20 mg  zelezo Fe
SOLGAR Железо 20 мг, 90 капсули
937,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049259C
favorite_border

Опис на производот

Единствена бисглицинатна форма за брза ресорпција, нежна за стомакот (форма на која не и е потребен витамин Ц за да се ресорбира).

Единствено хелирано железо во форма на бисглицинат кое е најбезбедно (споредбено со сулфатната форма и другите негови форми), не е токсично, не допринесува за формирање на слободни радикали.

Идеално за луѓе со чувствителен стомак, не предизвикува опстипација.

Железото е клучен минерал и есенцијална хранлива материја, потребна на телото за многу различни биолошки функции. Железото е основна градежна компонента на хемоглобинот и миоглобинот, кои учествуваат во снабдување со кислород на ткивните клетки. Исто така, железото е основна состојка на многу ензими кои влијаат на метаболизмот и производството на ATP (главниот извор на енергија во организмот), како и на синтезата на колаген, невротрансмитери и ДНК.

Железото не може да се синтетизира во организмот, затоа е потребно редовно да се зема со храна. Треба да можеме да постигнеме задоволително ниво на железо со консумирање на нормална здрава исхрана која се состои од храна како: црвено месо, ореви, јајца, житарки и лиснат зеленчук. Отстапка од претходно кажаното има кај: вегетаријанци, бремени жени, родилки (оваа формулација е создадена посебно да го штити женското тело од развивање на дефицит на железо), луѓе со хронични заболувања на дигестивниот тракт или зголемена загуба на железо (чир, улцеративен колитис, Кронова болест, карциноми на гастроинтестинален систем), лица кои страдаат од некои заразни болести предизвикани од паразити како и сите повозрасни лица кои имаат потреба од дополнителен внес на железо.

Некои од симптомите на недостаток на железо се замор и недостаток на физичка сила, слаб апетит, намалена работна способност и намалена отпорност на телото.

Со внес на само една капсула на ден од GENTLE IRON на SOLGAR, ќе допринесе за:

  • Нормална когнитивна функција
  • Нормален метаболизам што дава енергија
  • Нормално формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин
  • Нормален транспорт на кислород во телото
  • Нормална функција на имунолошкиот систем
  • Намалување на замор и исцрпеност

Пакување: 90 капсули

Содржина

Состав:

Секоја растителна капсула содржи:

    %ПДВ*
Железо (железо бисглицинат**) 20 мг 143

Средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, лимонска киселина; Обвивка на растителната капсула: хидроксипропилметил целулоза; Средство против стврднување: растителен магнезиум стеарат

*препорачано дневно внесување

**FerrochelTM е заштитена трговска марка на Albion International и претставува уникатна форма на железо (железо бисглицинат), формулирана со цел максимална апсорпција без да предизвика гастроинтестинална иритација или ефекти на констипација, состојби што вообичаено се јавуваат при употреба на другите додатоци на исхрана на база на железо.

Употреба: како додаток на исхрана за возрасни земете една (1) растителна капсула дневно, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот.

Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.

Не предизвикува констипација.

Погодно за вегани.

Производот не содржи: глутен, пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи, вештачки ароми или бои, додадени шеќери и сол.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се