Совети за здраво и долго лето
Летото е во полн ек! Времето е топло, деновите се доволно долги за многу активности на сонце.
НО! Топлото време носи и многу предизвици. За комплетно уживање во летниот период следете ги овие совети и останете здрави и среќни!
Хидрирајте се!
Водата е задолжителна, особено за време на летото додека поминувате повеќе време надвор. Во летниот период се потиме повеќе, па затоа е многу важно да се ладиме. Пијте многу вода, а дополнително хидрирајте се со електролити, затоа што за време на летниот период заради прекумерното потење се губат важните електролити.
Заштитете ја кожата од сонце
Долгата изложеност на сонце може да ја оштети кожата, па затоа заштитете ја надобро што можете. Користете креми со заштитен фактор и нанесувајте ги на секој час или два. Носете и капи за сонце, како и очила за сонце и седете под сенка колку што можете подолго.
Не дозволувајте инсектите да ви го уништат летото
Користете репеленти за да се заштитите од каснувања од комарци и други инсекти.
Витамини А и Е
Овие два витамини можат да помогнат во заштита на кожата од оштетување од сончевите зраци.
Витаминот А помага и за здрави коски, кожа и меки ткива. Витаминот Е лесно навлегува во мембраната на клетките на кожата и на тој начин ја штити кожата од сонце.
Иако на лето минуваме многу време на сонце и на тој начин по природен пат го примаме витаминот Д, сепак витаминот Д може да се консумира во текот на целата година.
Заштитете ја косата
Сонцето ја дехидрира косата и ја оштетува протеинската структура, што ја прави покршлива од вообичаено. Цинкот помага за силни фоликули на влакната и има карактеристики кои помагаат да се елиминираат штетните ефекти на сонцето врз телото.
Грижете се за вашите нокти и кожа
Штетните сончеви зраци можат да придонесат кожата да ја изгуби својата еластичност и да изгледа предвремено остарена. Еластичноста и свежината на кожата доаѓаат најмногу од количината на колагенот.
Витаминот Ц помага при формирањето на колаген. Биотинот, рибофлавинот и витаминот А исто така помагаат за здрава кожа.
Обезбедете си здрава ужинка
Протеинските барови се одличен начин за да ги внесете потребните количества на протеини додека сте надвор, а во исто време се хранливи и вкусни и на освежувачки начин го одржуваат вашиот баланс на хранливост.