STREPFEN Пастили за грло, 16 пастили

Strepfen Flurbiprofen 8.75 mg
STREPFEN Пастили за грло, 16 пастили
265,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045069C
favorite_border

Опис на производот

Пастили Стрепфен со мед и лимон, содржат флурбипрофен.

  • Флурбипрофен е нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ) со аналгетски, антипиретички и противвоспалителни карактеристики
  • Стрепфен се користи за брзо намалување на симптомите на воспаление на грлото како што се болка, надразнување, оток и отежнато голтање
  • За возрасни и деца над 12 годишна возраст

Пакување: 16 пастили.

Содржина

Состав: 

Активна состојка 1 пастила
Flurbiprofrn 8.75 мг

Помошни состојки се: макрогол 300, калиум хидроксид (Е525), арома на лимон, левоментол, мед, течна глукоза и течна сахароза. 

Препорачано дозирање:

Возрасни и деца над 12 годишна возраст:

  • Земете една пастила и оставете полека да се растопи во устата
  • Придвижувајте ја пастилата во устата додека таа полека се растопува
  • Дејството на пастилата се манифестира после 30 минути
  • Се препорачува по една (1) пастила на секои 3 до 6 часа, по потреба
  • Да не се земаат повеќе од 5 пастили во тек на 24 часа

Пастилите се користат во тек на краток временски период. Земете неколку пастили, по потреба во тек на краток временски период потребен за ослободување од симптомите. Ако дојде до појава на иритации во устата, прекинете го третманот со флурбипрофен. 
 
Не земајте Стрепфен пастили подолго од 3 дена, освен ако Вашиот лекар не Ви го препорача тоа. 
Ако симптомите не се подобрат или се влошат или дојде до појава на нови симптоми, информирајте го Вашиот лакар или фарамцевт. 

Мерки на претпазливост: Да не се надминуваат препорачаните дози или времетраењето на третманот (3 дена). Лекот не смее да се употребува кај деца под 12 годишна возраст. 

При употреба на Стрепфен, при првите знаци на било каква кожна реакција (исип, лупење, пликови) или други знаци на алергиска реакција престанете со земање на пастилите и веднаш консултирајте се со лекар, пријавете ги сите невообичаени симптоми (посебно крварење) кај Вашиот лекар

Ве молиме информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Особено информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако земате: ниски дози на аспирин (под 75 мг на ден), лекови за висок крвен притисок или за нарушена работа на срцето (антихипертензиви, кардијални гликозиди), диуретици , лекови за разредување на крвта (антикоагуланси, антитромботични агенси), лекови за гихт (пробенецид, сулфинпиразон), други НСАИЛ или кортикостероиди (како целекоксид, ибупрофен, диклофенак натриум или преднизолон), мифепристон (лек за прекинување на бременост), кинолонски антибиотици (како ципрофлоксацин), циклоспорин или такролимус (за супресија на имуниот систем), фенитоин (за третман на епилепсија), метотрексат (за третман на автоимуни заболувања или канцер), литиум или SSRI (за депресија), орални антидијабетици (за третман на дијабет), зидовудин (за третман на ХИВ).

Алкохолот треба да се избегнува за време на третманот со Стрепфен бидејќи го зголемува ризикот од крварење во стомакот или интестинумот.

Немојте да ги употребувате пастилите ако сте алергични (пречувствителни) на флурбипрофен или на било која друга состојка на лекот, ако сте имале астма, неочекувано свирење во градите или недостиг на здив, течење на носот, оток на лицето или исип проследен со чешање (уртикарија) после земање на аспирин или било кој друг НСАИЛ, ако имате или сте имале две или повеќе епизоди на чир на желудник, интестинални улцери или гастроинтестинално крварење или перфорација, тешки форми на колитис (воспаление на дебелото црево) или нарушување на крварењето, после земање на НСАИЛ, во минатото, ако сте земате високи дози на аспирин или други НСАИЛ (како на пример целекоксиб, ибупрофен, диклофенак натриум и тн.), ако имате тешка форма на нарушување на функцијата на срцето, бубрезите или црниот дроб.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да го земете Стрепфен ако имате тонзилитис (воспаление на крајниците) или мислите дека можеби имате бактериска инфекција (за која можеби Ви се потребни антибиотици), ако сте имале мозочен удар, ако сте имале заболување на дебелото црево (улцеративен колитис, Кронова болест), ако страдате од хронично автоимуно заболување како на пример системски лупус еритематодес и мешана сврзно ткивна болест, ако сте постари, бидејќи е поголема веројатноста за појава на несаканите дејства наведени во ова упатство.

Не смеете да го земате лекот ако сте во последните 3 месеци од бременоста. Ако сте во првите 6 месеци од бременоста или ако доите информирајте го Вашиот лакар пред да ги земете Стрепфен пастилите. 

Флурбипрофен припаѓа во групата на лекови кои можат да влијаат на фертилитетот кај жените. Овој ефект е реверзибилен по престанокот на земањето на лекот. Иако е малку веројатно дака повремена употреба на пастилите, ќе влијае на плодноста сепак информирајте го Вашиот лекар дека го земате лекот доколку имате проблеми да забремените.

Стрепфен содржи 1069 мг глукоза/пастила и 1407 мг сахароза/пастила. Ова треба да се земе во предвид кај пациенти со дијабетес мелитус.
Ако Ви кажал Вашиот лекар дека сте интолерантни на некои шеќери консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на овој лек. 

Ако сте земале поголема доза отколку што треба консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт или појдете во најблиската болница. Ако сте заборавиле да го земете лекот, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. 

Лекот се чува на места недостапни за деца! Да се чува во оригинално пакување.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се