STREPSILS Плус, 16 пастили

strepsils plus pastili
STREPSILS Плус, 16 пастили
253,00 ден.
210,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Акција
Шифра
031164C
favorite_border

Опис на производот

Стрепсилс Плус пастилите се користат за симптоматско олеснување на болка при инфекции на уста и грло

  • Содржат моќен анестетик кој брзо ја намалува болката во грлото и комбинација на антисептици кои се борат против бактериите кои предизвикуваат инфекции
  • За возрасни и деца од 12 години

Пакување: 16 пастили.

Содржина

Секоја  пастила содржи активни состојки:

Активни состојки 1 пастила
Амилметакрезол 0.6 мг
2.4-дихлоробензил алкохол 1.2 мг
Лидокаин хидрохлорид 10 мг

Помошни состојки: винска киселина, натриум сахарин, левоментол, масло од питомо нане, масло од анасон, боја quinoline yellow, боја indigo carmine, течна сахароза и течна глукоза.

Една пастила содржи 1.0 гр глукоза и 1.5 гр сахароза.

Употреба: Лекот е наменет само за краткотрајна употреба. Се препорачува употреба на најниска доза во тек на најкраток период потребен за ослободување од симптомите.
За локална употреба во уста.

Возрасни, постари пациенти и деца над 12 години:

  • Една (1) пастила полека се растопува во уста на секои 2 часа, по потреба
  • Да не се земаат повеќе од 8 пастили во тек на 24 часа
  • Консултирајте се со Вашиот лекар ако симптомите перзистираат после 3 дена или се придружени со висока температура или главоболка

Предупредување: Немојте да ги употребувате Стрепсилс Плус пастилите ако сте алергични (пречувствителни) на било која состојка на лекот, ако имате историја на алергија на локални анестетици од групата на амиди, ако Ви кажале дека имате или можеби имате ретко заболување на крвта наречено метхемоглобинемија, ако имате астма или бронхоспазам (отежнато дишење). Лекот не смее да се употребува кај деца под 12 годишна возраст. 

Бидете посебно внимателни со Стрепсилс Плус, ако лекарот Ви кажал дека сте нетолерантни на одредени шеќери или ако нешто невообичаено се случи. Ве молиме информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Ако сте бремени, мислите дека сте бремени или ако доите, советувајте се со Вашиот лекар пред да го земете овој лек. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт, пред да земете било каков лек.

Ако сте земале поголема доза од лекот Стрепсилс Плус отколку што треба веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт, дури и ако се чувствувате добро. Ако сте заборавиле да го земете лекот, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Пастилите треба да се употребуваат само доколку е потребно. 

Да се чува на температура до 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се