SUPERDIET Herbesan Женшен, матичен млеч, витамин Ц и ацерола, 30 ампули по 15 мл

Superdiet Herbesan Panax Ginseng Ca Meyer Gelee Royal, Vitamin C, Acerola Ampoules 30 x 15 ml zenshen, maticen mlec, vitamin C, acerola,
SUPERDIET Herbesan Женшен, матичен млеч, витамин Ц и ацерола, 30 ампули по 15 мл
1.878,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
057762C
favorite_border

Опис на производот

Superdiet Herbesan Panax Ginseng CA Meyer, Gelée Royale, Vitamine C, Acérola Женшен, матичен млеч, витамин Ц и ацерола е граничен производ.

  • Производ наменет за зачувување на тонусот и енергијата и намалување на заморот (физички и интелектуалeн)

  • Женшен - корен кој традиционално се употребува во Кина повеќе од 2000 години. Женшенот придонесува за зачувување на тонусот и енергијата

  • Матичнот млеч - единствена храна на кралицата пчела која живее 40 пати подолго од обичните пчели

  • Витамин Ц - витамин кој придонесува за намалување на заморот

  • Ацерола - јужно американско ситно овошје познато уште под името “Карибска цреша”. Нејзиниот плод е сочен и кисел

  • Производот не се препорачува за употреба кај деца под (1) една година.

Пакување: 30 ампули по 15 мл.

Содржина

Состав: 1 ампула содржи: женшен 1000 мг (максимум 20 мг* гинсеноиди), матичен млеч лиофилизат 252 мг (односно 252 мг еквивалент во свеж матичен млеч), витамин Ц 80 мг (100% препорачано дневно внесување), ацерола екстракт 75 мг.

*средна вредност

Состојки: прочистена вода, концентриран сок од ананас, течен екстракт од женшен (корен), витамин Ц, матичен млеч лиофилизат, ацерола екстракт (плод-витамин Ц).

Производот не содржи боја и конзерванси.

Начин на употреба: по една (1) ампула на ден.

Се препорачува по максимум една (1) ампула на ден, препорачливо наутро во тек на оброк, разредена со половина чаша вода.

20-дневна програма која може да се повтори повеќе пати во годината.

Континуирана употреба до максимум 3 месеци.

Предупредување: консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот во случај на постоење на некоја медицинска состојба. Производот не се препорачува за употреба кај пациенти со дијабетес или хипертензија. Задолжителна е консултација со лекар ако имате дијабетес или кардиоваскуларни заболувања. Препаратот не заменува оброк и не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Ампулите се наменети за пиење не за инјектирање. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Немојте да го употребувате граничниот производ HERBESAN Panax Ginseng CA Meyer, Gelée Royale, Vitamine C, Acérola во случај на пречувствителност на било која состојка во состав на производот. Производот не се препорачува за употреба кај состојби на астма и алергија, особено алергија на пчелини производи. Бремените жени и доилките да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ. Производот не се препорачува за употреба кај бремени жени и доилки. Да се чува на места недостапни за деца. Немојте да го употребувате производот ако пакувањето е оштетено. Да се користи до крајот на датумот наведен на пакувањето.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се