SUPERDIET Севе империал био - кралски напиток 15 мл, 20 ампули

SUPERDIET Севе империал био - кралски напиток 15 мл, 20 ампули
1.200,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020269C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Додаток во исхрана на база на багремов мед, кучешки трн, сребрен бор, еукалиптус, матичен млеч, полен, прополис

  • Сребрениот бор придонесува за нормално функционирање на респираторниот систем
  • Поленот го поддржува имуниот систем на организмот, помага за намалување на заморот и придонесува за тонус и енергија
  • Матичниот млеч е вистинско богатство на пчелината кошница и ексклузивна храна на пчелите
  • Багремовиот мед има природно сладок вкус
  • Прополисот, заштитен слој од есенцијално значење за животот во пчелината кошница, се собира и се шири од пчелите на ѕидовите од нивната кошница, со цел да се формира вистинска природна бариера помеѓу нив и надворешната околина. Прополисот го дава слаткиот мирис благодарение на ароматичната смола што ја содржи
  • Кучешкиот трн и еукалиптусот ја надополнуваат оваа формула

Наменет за отпорност и виталност на организамот. 

Овластен органски производ, кој придонесува за нормално функционирање на одбраната на организмот. 

Се препорачува во периодите на опоравување по болест, да се подобри општата состојба на организмот, кај лица изложени на физички и ментален напор (меморија, учење, спорт), кај постари лица.

Пакување: 20 ампули по 15мл

Содржина

Состав:

2 ампули содржат:   

    ПДВ*  
Сребрен бор  296 мг**  
Еукалиптус     296 мг**  
Багремов мед   5000 мг  
Екстракт од прополис 

600 мг

еквивалент на 90 мг  прополис

 
Кучешки трн      620 мг  
Матичен млеч  200 мг  
Полен   200 мг  

*препорачано дневно внесување

*еквивалент на суво растение

Состојки:

Воден екстракт на сребрен бор* (Pinus sylvestris – пупка) и еукалиптус*(Eucalyptus globules – лист), багремов мед*, течен екстракт од прополис* (средство за врзување мед*), сок од кучешки трн* (Hippophae rhamnoides), концентриран сок од портокал*, матичен млеч*, полен*

*состојки од органско производство.

Употреба: Се препорачуваат по 2 ампули на ден. Добро протресете ја ампулата пред употреба. Талогот од полен кој може да се појави на дното на ампулата, е нормална појава.

Предупредување: Не се препорачува употреба на овој производ кај бремени жени и доилки и деца под 12 години. Производот не е наменет за лица алергични на пчелини производи. Да не се употребува истовремено со антикоагуланси. Не се препорачува во случај на воспаление на гастроинтестиналниот тракт или жолчните канали, во случај на сериозно заболување на црниот дроб и во случај на респираторни заболувања (астма, голема кашлица).

При истовремена употреба на други лекови консултирајте се со Вашиот лекар. Ампулите се наменети за пиење не за инјектирање.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се