SUPERDIET Спирулина, 120 капсули

SUPERDIET Спирулина, 120 капсули
998,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
020273C
SD BIO SPIRULINA cps x 120 (SD)
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Спирулина, една од првите форми на живот на Земјата, за неа се знае пред повеќе од 3,5 милијарди години, претставува микроскопска сино-зелена слатководна алга.

Името спирулина доаѓа од латинскиот „спира“ што значи навивање, инспирирано од спиралната форма на алгите.

Се нарекува супер храна бидејки има неверојатен нутритивен профил, пред се таа е одличен извор на протеини, содржи добри концентрации на Омега 6 и многу важните Омега 3 масни киселини, одличен извор на бакар, железо, манган, магнезиум и помали количини цинк, калциум, фосфор и селен, одличен извор на витамините Б1, Б2, Б3, добар извор на Б5, К и Е а содржи и Б9, Б6, А и Ц.

Спирулината исто така содржи исклучително значајни фитонутриенти како бета-каротени, зеаксантин и високи концентрации фикоцијанин, супероксид дизмутаза (многу моќен ензим со антиоксидативно дејство), гама-линоленска киселина (есенцијална масна киселина) и сулфолипиди.

Фикоцијанинот е уникатен антиоксидант кој е карактеристичен само за алгите/спирулината (зафаќа околу 16% од вкупната тежина на спирулината) и согласно научните истражувања тој може да игра улога во регенерацијата на матичните клетки, продукцијата на црвени и бели крвни зрнца (еритроцити и леукоцити) во коскената срцевина, а како антиоксидант во човечкиот организам се претвара во фикоцијанорубин и значително помага во превенција од оксидативниот стрес на крвните садови.

Здравствени придобивки

  • Го зајакнува имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот
  • Спирулината помага при контрола на телесната тежина и ја намалува желбата за глад и шеќер
  • Придонесува за нормална гликемија
  • Спирулината промовира енергија и виталност
  • Користете во периоди на привремен замор
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Се препорачува за луѓе кои имаат потреба од прочистување на организамот од токсини, тешки метали, алкохол, преголема употреба на лекови
  • За спортисти со зголемени потреби за физичка издржливост
  • Го успорува стареењето

Пакување: 120 капсули

Содржина

Состав:

Четири (4) капсули содржат:            

     ПДВ*
Спирулина  (Spirulina platensis)  1.470 г  /
од која протеини     0.846 г   /

*препорачано дневно внесување
 

Употреба: се препорачуваат по четири (4) капсули на ден, со голема чаша вода.

Предупредување: Не се препорачува при  фенилкетонурија, алергија на спирулина, слабост на мускулите или нарушена функција на црниот дроб.
Бремените жени и доилките, да се консултираат со својот лекар пред употреба на производот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се