SYNERGY Цинк 15 мг, 60 таблети
Опис на производот
- Ефикасен сојузник на имунитетот
Цинкот е минерал кој е од витално значење за секојдневните физиолошки процеси.
Како катализатор на над 100 ензимски реакции, метаболни процеси и учество во синтеза на протеини, спаѓа во групата на есенцијални минерали кои се потребни секојдневно да се внесуваат преку исхраната или преку додатоци на исхрана.
Цинкот е моќен минерал кој ни е потребен за здрав имун систем, за правилна функција на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта. Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите.
Внесување на цинкот е особено важно за хормоните кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите.
Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните. Неговото дејство се должи на антиоксидативната моќ на овој минерал, што резултира со уништување на слободните радикали кои се причина за повеќе заболувања, како и за предвремено стареење.
Зголемени потреби од внесување на цинкот имаат трудниците, доилките, спортистите, вегетаријанци, консументи на исхрана која содржи многу растителни влакна кои ја спречуваат апсорпцијата на цинкот, лица над 50 годишна возраст, лица кои консумираат алкохол и др.
Пакување: 60 капсули
Содржина
Состав: содржи органска форма на цинк со максимална биорасположливост.