SYNERGY Релаксин, 30 капсули

SYNERGY RelaX’in
SYNERGY Релаксин, 30 капсули
970,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Атрибути
Шифра
054019C
favorite_border

Опис на производот

Природна поддршка на расположението.

RelaX’in е комплекс од неколку компоненти кои во организмот учествуваат во синтезата на невротрансмитерите серотонин и допамин.

Идеалниот баланс и нормалните нивоа на серотонин и допамин во организмот се неопходни за нормалната психичка состојба на човекот. Секое отстапување, може да доведе до сериозни последици. На пример, зголемен серотонин заедно со намалениот допамин доведува до високи нивоа на стрес и анксиозност. Намалување на нивото на серотонин, води до зголемување на стравот и намалување на когнитивната функција (како што е способноста за проценка на ситуации).

Намалениот серотонин може да предизвика зголемување на импулсивното однесување (алкохолизам, прејадување итн), а во комбинација со намален допамин може да резултира со големи промени во расположението и депресија.

RelaX’in содржи 5-HTP од Griffonia sinplificata, витамин Б6, тирозин,глутамин, тианин, триптофан, SAM-e ( S-аденозилметионин). Сите учествуваат во синтеза на невротрансмитерите серотонин и допамин.

Пакување: 30 таблети

Зголемена концентрација на серотонин и допамин го зголемуваат расположението, помнењето, логичното размислување, вниманието, одржување на сонот, координација и контрола на фините движења и помош при откажување од штетните навики (алкохол,пушење).

5-HTP (5-Hydroxytryptophan) е соединение произведено во организмот од амино киселината триптофан. Тоа е претходник на невротрансмитерот серотонин и хормонот мелатонин.

Се произведува од семето на африканско растение Griffonia simplicifolia.

5-HTP делува во мозокот и централниот нервен систем во зголемување на производството на серотонин. Серотонинот е хормонски невротрансмитер кој помага да се регулира анксиозноста, среќата и расположението.

5-HTP учествува во подобрување на расположението,контрола на апетитот, одржување на сонот и олеснување на симптомите на фибромијалгија.

Витамин Б6 придонесува за нормална психолошка функција и промоција на здравјето на нервниот систем.

Тој учествува во синтеза на невротрансмитери: серотонин, допамин и мелатонин.

Тирозин е невротрансмитер и амино киселина која ја потикнува мозочната активност. Значаен е за синтеза на норадреналинот, адреналинот, серотонинот, допаминот, ја намалува потиштеноста, раздразливоста, заморот. Тирозинот се користи како дополнително средство во третман на депресија и несоница.Пролонгирана употреба влијае позитивно на подобрување на меморијата.

Глутамин има различни функции во рамките на човечкиот мозок и е вклучен во промени на расположението, вознемиреност,раздразливост или несоница. Оваа супстанца ја зголемува меморијата и концентрацијата.

Тианин е амино киселина која го релаксира големиот мозок без да предизвика поспаност. Клинички студии потврдиле дека го намалува стресот и анксиозноста кај лица кои доживуваат стресни ситуации. Влијае позитивно во менаџирање на крвниот притисок и го подобрува имунитетот. Испитувањата покажале дека во комбинација со кофеинот може да ги подобри когнитивните и физичките активности.

Триптофан е есенцијална амино киселина која телото ја претвара во 5-HTP, а потоа во серотонин (хормон на среќата) кој пренесува сигнали помеѓу нервните клетки и влијае на расположението. Се препорачува при симптоми на ПМС, депресија, несоница и др.

SAM-e (аденозилметионин) е соединение кое природно се создава во телото а како додаток на исхрана помага во состојба на депресија. Некои научни студии открија дека може да најде примена во третман на болка од остеоартритис.

Содржина

Состав:

  • L-5-HTP (5-хидрокситриптофан од Griffonia Simplicifolia)100 мг
  • Витамин Б6 (Пиридоксин хидрохлорид) 3 мг,
  • Заштитен микс (Л-тирозин; Л-глутамин; Л-тианин; Л-триптофан; САМ-e/С-      аденозилметионин)100 мг

Употреба: една до две (1-2) таблети дневно, по оброк

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се